Светскиот ден на СИДА е можност да се научат фактите за ХИВ вирусот, начинот на пренесување,
да се спречи неговото ширење, да се третира и да се прифати реалноста на живеење со ХИВ.
Обезбедувањето на правото на здравје за сите е од големо значење да се постигнат вистински
здравствени услуги на сите оние на кои им се потребни. Пошироката политика и социјалната
средина треба да играат клучна улога во креирање на превентивните програми за ХИВ.
И во Р. Македонија секоја година се организираат јавни настани за одбележување на Светскиот
ден на СИДА, со цел да се подигне свесноста кај луѓето дека лицата кои живеат со ХИВ, доколку
навремено се дијагностицирани и редовно се третираат имаат долг и нормален живот.
Грижете се за сопственото здравје и за здравјето на другите!
5