тоа и ќе им го дадам. Може утре ќе
ме соблечат гола во јавност или ќе ме
фрлат на гробишта, бидејќи знаат дека
тоа ме плаши. Денес тоа ќе бидам јас,
утре на ред ќе биде некој друг”.
За изложбата на Роберт, Леиг се
врати облечена во кратко здолниште
и високи штикли и со кратко розово
сако. Сепак треба да изгледа убаво за
перформансот.
„Го сакам начинот на кој Роберт си
ја врши работата. На некој начин тој
не застапува нас. Јас и девојките се
радуваме што работиме со него”.
Девојките се нејзиниот живот, вели таа. „Не сум имала партнер веќе пет години. Едноставно
не можете да имате врска ако сте сексуален работник. Тоа е премногу комплицирано,
веројатно би ме терал да престанам или ќе се караме и тепаме, а јас не сакам да бидам
злоупотребена жена”.
Да се биде црн, бездомник, трансроден или сексуален работник е тешко, треба да се соочиш
со многу предрасуди. „Изложбата зборува токму за тоа како сакам луѓето да ме видат и зошто
го избрав мојот живот. Не ми треба одобрување од никого “.
„Веќе го чекорам патот за создавање на подобра околност. Не сакам да спасувам, не ми се
допаѓа тој збор. Да си трансродно лице не значи дека си сексуален работник или бездомник.
За мене, тоа беше мој избор. Главната цел е да сите имаме безбеден, здрав живот и нашата
работа да биде препознаена како работа. И луѓето да можат да се вратат во своите домови со
своите семејства. Тоа е она што јас го посакував уште од мал”.
Фото серијата на Роберт Хамблин,
насловена како InterseXion е навистина
моќна и ја покажува нежноста која ја
имаат трансродните луѓе. На прв поглед,
ќе ги забележите розовите орхидеи, но
ако погледнете подобро, гледате дека
тоа се луѓе во интимни пози.
4