S-WORK No.62 62done | Page 5

Источна Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа Сексуалните работнички од Женева, Швајцарија Сексуалната работа во Женева е легализирана уште од 1942-та година. Сексуалните услуги може да се продаваат помеѓу две возрасни личности и се сметаат за независна економска активност. Присилната сексуална работа е нелегална и забранета. Сексуалните работници се регистрираат како самовработени и плаќаат даноци за нивната заработувачка на државата. Сексуалната работа сè уште се смета за неморална од страна на Врховниот суд и бирократијата кои го отежнуваат животот на сексуалните работници. Познатата швајцарска сексуална работничка и писателка Гриселидис Реал во текот на целиот нејзини живот се борела за правата на сексуалните работници и во 1982-та година го основала здружението Aspasie кое до денесработи за заштита на сексуалната работа. Гриселидис е погребана на гробиштата Цимитер де Руис. Во Женева, има околу четири илјади сексуални работници кои активно работат во текот на годината. Тие особено се забележливи на Црвената улица во Женева, работејќи на улица, или пак во салони и барови. Бројката на сексуални работници се има зголемено во текот на изминатите години поради влошувањето на економската ситуација, повисоките цени во Швајцарија и лошите закони во однос на сексуалната работа во земји како Франција. Овие фотографии се дел од проектот на Ана Полард -Maison Close од 2015-тата година. Придружните цитати се произлезени од сексуалните работници кои работат во Женева. При тоа користени се нивните псевдоними. „Јас сум обучена да им давам сексуални услуги на лица со физичка попреченост од страна на здружението Sexualité et Handicap. Мислам дека ова е навистина важна работа. Клиентите со хендикеп, најчесто не можат да мастурбираат и понекогаш доаѓаат кај мене во придружба на нивните семејства“ – Анџелина 5