S-WORK No.62 62done | Page 3

„Избегав од дома затоа што мојот дедо беше имам (муслимански свештеник). Едноставно не можев да бидам тоа што сум. Затоа свесно започнав да работам како сексуална работничка. Влегов во реалниот свет, каде што морав да се справам со многу предизвиици. Откако го запознав Роберт и станав дел од Sweat - работна организација за образование и застапување за сексуални работници, ми се роди желбата за актвизам. Првично, мислев дека се е за пари и не знаев што зборуваа овие луѓе, но потоа ја видов потребата. Сега имам страст за ова што го работам. Прво, сакам да се декриминализира сексуалната работа и луѓето како мене да можат слободно да живеат со своите семејства без да бида осудувани”. По неколку години разделена од сопственото семејство, Леиг се спојува повтроно со нејзините браќа и сестри и нејзината мајка, која како што вели таа сега и купува перики и долна облека, бидејќи сега ја разбира. Нејзината мајка, исто така, го отворила својот скромен дом и за други сексуални работници, како засолниште, а понекогаш и работи како готвач во организацијата на Sweat. „Таа вели дека нејзините мисли сето ова време биле погрешни. Сега таа им кажува на луѓето: „Јас сум мајка на транс сексуален работник”, но сè уште не е ОК кога некои од поширокото семејство се во близина. Сепак религијата го отежнува тоа”, вели Леиг, смеејќи се. Леиг смета дека декриминализацијата ќе донесе правен статус, здравствена заштита и леснотија на сексуалната работа. „За сега, морам да и дозволам на полицијата да го прави она што го сака. Ако побараат услуга, 3