Леиг Давидс - трансродна
жена инспирација за
многумина
Леиг Давидс е трансродна жена која живее
во Кејптаун. На 14 години има избегано од
дома за да се пронајде себеси во заедница
на трансродни жени, сексуални рабонички. По
многу години, поминати на улица, Леиг станува
голем активист за правата на транс сексуални
работници.
Инспиративна уметност
Леиг неодамна позираше за изложбата на
Роберт Хамблин, заедно со уште неколку други
трансродни жени. Фотосесијата се одвиваше
во SistazHood, организација за поддршка и
заштита на сексуалните работници.
„Општеството има секогаш стереотипен став во
однос на тоа како треба да изгледаме. Јас на
13 години, почнав да се шминкам и да носам
високи потпетици,“ вели Леиг.
Иронинијата е во тоа што Леиг избегала од дома се со цел да најде друго „семејство“ кое ќе ја
прифати и научи како да сокрие дека е роден маж. Сега е застапник за сексуалната работа, се
бори за декриминализација и родови права.
„Сакам да облекувам фустани, но секогаш поудобно се чувствувам во тренерки и рамни чевли.
Се шминкам и средувам само кога имам клиенти. Понекогаш правам пауза од 10 дена, тогаш
не носам високи потпетици и не се бричам “.
Леиг воопшто не пие алкохол, затоа што е на антиретровирусна терапија веќе 2 години.
„Би се напила една чаша вино во моментов, но го знам ефектот што ќе го има врз моите
лекови”, вели Леиг.
Таа ги смета парите за главен поттик за секоја работа, меѓутоа е горда што им помогнала на
многумина да се пронајдат себеси и заедно да ја создадат најголемата трансексуална мрежа во
Африка.
2