S-WORK No.62 62done | Page 13

На пладне – Чистење Без разлика дали работите од дома или во изнајмен апартман треба да се среди работното место за да биде претставително. Секојдневно чистам и перам за да можат моите клиенти да имаат меки и чисти крпи и чаршави. Чистење тоалети, миење садови, чистење на подот - сето тоа додека одговарате на телефонот кога ѕвони, и сепак мора со секси и среќен глас да одговарате на сите нивни глупави прашања. И на крај, следува туширање и средување за да бидете подготвени за тоа што следува... 1:00 попладне – Време за ручек За време на ручек, најчесто јадам нешто на брзина, сепак немам многу време. Се случува често клиентите за време на ручек да излезат од работа и наместо да одат во ресторан, доаѓаат кај нас. Потоа набрзина се тушираат и се враќаат на работа. Малата пауза за нив е релаксирачка, собираат енергија за да можат да им се вратат на работните обврски. 13