S-WORK No.62 62done | Page 12

Еден ден во животот на сексуалниот работник: „ Еве што навистина ни се случува“!

Иако сум свесна дека со сексот се заработува, сепак не можам, а да не бидам искрена дека со тоа следуваат и неколку заморни и досадни задачи. Мојот живот како независен сексуален работник е далеку од совршен. Сепак треба да вложиш многу напор за да испадне сè како што треба. Понекогаш ме мрзи да работам и поголемиот дел од денот го поминувам на eBay. Но, верувам дека сите имаат тешки денови, денови кога едноставно не ти се работи. Иако повеќето мислат дека сексуалните работници поголемиот дел од времето го поминуваат во кревет, се потрудив да ви демонстрирам како изгледа секојдневието на повеќето сексуални работници.
Еве како изгледа еден мој типичен ден како сексуална работничка.
11:00 наутро – Будење Јас не сум светица. За мене, една од најпривлечните делови на оваа работа е да не мора да се будам со звукот на алармот. Откако ќе погледнам во телефонот, имам околу десетина пропуштени повици и пораки. Мажите мислат дека независните сексуални работници треба да одговараат на телефонот во секое време – но не е така. Многумина ме прашуваат „ Дали сте слободни?” Не за вас, другар. И сигурно не во 03:00 наутро. Исто така, имам и многу пропуштени повици од скриени броеви, зарем мислат дека ќе се потрудам да ги пронаоѓам истите.
12