S-WORK No.62 62done | Page 11

2.Сексуалните работници шират сексуално преносливи болести Во Невада секоја недела се тестираат сексуалните работници за ХИВ и СПИ. Кондоми се користат при секоја услуга дури и при орален секс. Здравјето ни е многу важно, ако не сме здрави нема да можеме да заработуваме. Воопшто не е во ред да се загрози ниту нашето, нити здравјето на клиентот со што би довело до уништување на нашата репутација. 3. Само чудни луѓе, губитници и очајни мажи ги посетуваат борделите Навистина би се зачудиле какви типови луѓе ги посетуваат борделите. Доаѓаат парови кои сакаат малку освежување во нивната врска, директори, адвокати и секако мажи кои подолг период немале секс. За многу од нив сексуалната работничка е повеќе од тоа. Со нас тие се чувствуваат убаво, пријатно и за момент можат да се оттргнат од реалноста. 4. Сексуалните работници ја мразат својата работа Оваа работа сами сме си ја одбрале како начин за заработка. Сексуалната работа е интимна работа. Многу често ја гледаме најранливата страна на нашите клиенти. Обожавам кога моите клиентите се чувствуваат убаво и кога се опуштени, тоа ме прави среќна. 5.Сексуалните работнички се жени без морал Повеќето ги сметаат сексуалните работнички за необразовани, разочарани, скршени жени, или пак зависнички од дроги. Сметам дека со ваквиот став само ја отвораат вратата кон насилството. Секс индустријата е сеуште во сенка, затоа што постојт луѓе кои сакаат само да ни наштетат. И ние сме луѓе кои самостојно сме го избрале овој начин на живеење. Затоа сметам дека секаде низ светот треба да се легализира сексуалната работа. 11