S-WORK No.62 62done | Page 10

„ Јас сум Французин, но ретко ги посетував девојките во мојата земја. Сега кога живеам во Швајцарија почесто доаѓам тука. Сè е легално, па не мора да се грижам. Работам премногу и немам време за врска“ – анонимен клиент
Источна
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа

Искрената исповед на сексуалната работничка Сара Гринмор: „ Ова се петте најчести заблуди за мојата работа”

Веќе долго време работам како сексуална работничка во легалните бордели во близина на Невада. Мојата работа не е само услужување на клиентите, туку и сопствената потреба да бидам финансиски стабилна. Откако ја работам сексуалната работа, имам забележано дека многу луѓе околу мене не знаат многу за оваа работа. Оттука произлегуваат многу заблуди меѓу кои:
1. Сексуалната работа е лесна работа и е за мрзливи луѓе Својата работа можам да ја опишам на многу начини, но никогаш како лесна. Работам по 12-14 часа секој ден, истовремено водам 4 страни на социјалните мрежи, одговарам на меилови, објавувам огласи, пишувам есеи на интернет, чистам, закажувам клиенти, договарам интервјуа. Се сретнувам со многу клиенти кои го посетуваат борделот, ги шетам по борделот за да можам на некој начин да ги привлечам и задржам, и секако да откријам што точно посакуваат.
10