3:00 попладне – Дневни патувачи
Тоа се мажи кои претходно направиле
резервации и доаѓаат надвор од
Лондон или пак се од оние кои користат
мобилни апликации за да најдат некое
попладнево задоволство. Оние клиенти
кои имаат резервирано од претходно,
најчесто праќаат меилови со сите
нивни барања и сексуални фантазии.
Затоа секогаш ми треба време да се
подготвам.
7:00 навечер – На брзина
Се разбира, веќе сум завршила со
клиентите за тој ден, но секогаш
се појавува некој залутан клиент.
На пример, петоците обично ми се
најтивки, бидејќи е време за пијалок
по работните часови. Иако многу често
се случува да ме бараат на телефон од
скриени броеви, секако откако тој еден
пијалок преминал во десет. Во овој
период од денот најчесто го исклучувам
мојот телефон.
Колку и да сакам да кажам дека секој
мој ден е ваков, навистина би лажела.
Сметајте на ова како на некој водич,
отколку што всушност тоа функционира
во реалноста.
Вистината е дека може да има денови,
дури и недели кога никој не се јавува.
Се случува со месеци, да имате по еден
состанок дневно, ако имате среќа.
Сепак, мислам дека не постои такво
нешто како „типичен ден”.
14