S-Work No.60 60done | Page 5

Иако звучи како псевдоним, сепак Грисеалидис Реал е вистинското име на оваа уникатна жена, која истовременено била талентиран писател и сексуален работник. Паралелно со нејзината политичка борба, Реал развила позитивна визија за она што го нарекува „Уметност, хуманизам и наука”. При тоа наведува дека дека сексуалната работа треба да биде избор, одлука со слободна волја. Во предговорот на нејзината книга A Courtesan’s Dance Card која била препечатена во 2005 година, Реал ја нарекува проституцијата „уметност и хуманистичка наука”, велејќи: „Единствената автентична проституција е онаа која ја владеат големите уметници и перфекционисти и кои ја практикуваат оваа работа со интелигенција, почит, фантазија, срце, искуство и подготвеност“. Извадок од Гриселидис Марсел Реал – Писателка и револуционерна активистка за правата на сексуалните работници (S-Work No.58) Криминализацијата на клиентите во Северна Ирска кои плаќаат за сексуални услуги требаше да има за цел да ја зголеми заштитата на сексуалните работници, но се случи токму спортивното. Лаура Ли, е сексуален работник и долгогодишен активист кој се бори за правата на сексуалните работници и е една од малкуте кои имаат храброст јавно да говорат за овој закон со кој се угнетува најстарата професија на светот. Во Велика Британија, нема многу сексуални работници кои сакаат да зборуваат отворено за нивната работа, но сепак може да се каже дека Ли е исклучок. Пред сè, таа е пријателски настроена и љубезна и се труди колку што е можно да даде повеќе информации (и покрај тоа што е навистина уморна после ноќното работење). Извадок од Лаура Ли – Сексуален работник и активист: „Сега е многу потешко да се биде безбеден” (S-Work No.59) 5