S-Work No.60 60done | Page 4

„Во Италија улиците се опасни, се работи во кола и никогаш не знаеш што може да се случи. Италијанците се безобразни и вулгарни затоа што сексуалната работа во нашата земја сеуште е табу тема“. Во местото каде што работам нема макроа: „Откако ќе платам данок, останатото што го заработувам оди право во мојот џеб“. Карли во Кас заработува повеќе отколку во Комо, отприлика околу 8000 швајцарски франци месечно. Извадок од Швајцарија - совршена место за италијанските сексуални работнички (S- Work No.56) Скопје, 21-ви век. Желба за европеизам заглавена во балкански закоравен менталитет. Право на абортус ограничено, употребата на лесни дроги сe уште спаѓа во групата на наркомани, ЛГБТ популацијата претставува отпадок во општеството, религиска дискриминација и фанатички национализам. И тука некаде се наоѓа една маргинализирана група на сексуални работници кои си ги бараат своите права. Малтретирани од институциите, од полицијата, па дури и од клиентите, овие лица немаат каде да се обратат, па така години наназад нема ништо друго освен страв, фрустрации и чувство на немоќ. „Најчесто сексуалните работници ја одбираат линијата на послаб отпор затоа што самите тие не гледаат заштитници во институциите, не ја добиваат очекуваната заштита, поддршка и разбирање. Тие и кога се во положба на жртви најчесто одбираат да молчат!“ Извадок од И сексуалната работа е работа! (S-Work No.57) 4