S-Work No.60 60done | Page 3

„ За клиентите понекогаш е тешко да бидат со сексуален работник, ние сме искусни во нашата работа, а тоа може да влијае врз нив. Има некои кои не можат да си ја завршат работата, па со смеење ја напуштаат собата, а има и некои кои си ги бараат парите назад“.
Извадок од Типови на клиенти со кои сум била како сексуална работничка( S-Work No. 53)
Се преселив во Германија со цел да најдам работа со мојата диплома. Во мојата земја бев невработена, како повеќето и тоа беше причината да заминам во странство за да си ја пробам среќата. На почетокот сменив неколку работни места, меѓутоа ниту едно не ми беше доволно за да ги покријам месечните трошоци. Така почнав да работам како сексуална работничка, верувајќи дека со оваа работа ќе можам да заработам повеќе. За мене, сексуалната работа е работа како секоја друга. Запознав девојка која исто така е сексуален работник и која несебично со мене сподели неколку совети. Влегов во секс индустријата по мој личен избор, никој не ме натера на тоа.
Извадок од Интервју со Соња, сексуална работничка од Италија, мигрант во Германија( S-Work No. 54)
Во Македонија сексуалната работа се смета како работа која го нарушува јавниот ред и мир: Кој се оддава на проституција и издава, односно става на располагање простории за вршење на проституција ќе му се изрече глоба од 600 до 800 евра.
Декриминализацијата е концепт различен од концептот на легализација на сексуалната работа. Целосната декриминализација подразбира отстранување на сите кривични и прекршочни забрани и казнувања поврзани со сексуалната работа, вклучувајќи ги и законите кои се насочени кон клиентите и менаџерите и сопствениците на бордели. Целосната декриминализација подразбира безбедни работни услови и работнички права.
Извадок од Декриминализација на сексуалната работа во Македонија( S-Work No. 55)
3