S-Work No.60 60done | Page 2

60-то издание на месечниот онлајн магазин S-Work По повод 60-тото издание на месечниот онлајн магазин S-Work издвоивме неколку извадоци од статии од изминатите девет броја. За да ги прочитате целосно текстовите посетете ја нашата официјална страна starsexwork.org Сексуалните работници спаѓаат во ризичните групи на ХИВ/СИДА. УНАИДС ги опишува сексуалните работници како: „Жени, мажи, трансродни возрасни и млади лица кои добиваат пари или материјални добра во замена за сексуалните услуги кои ги нудат. Сексуалната работа варира и се разликува во однос на земјите или општествата, како и според тоа дали е формална или организирана“. Во ниско и средно развиените земји, ХИВ преваленцата помеѓу сексуалните работници е околу 12%. Сепак, постојат значителни разлики меѓу регионите и земјите. Извадок од Сексуалните работници и ХИВ/СИДА (S-Work No.51) „Јас сум Клаудија, работам како трансродов сексуален работник од мои 13 години, а веќе 32 години сум во овој бизнис. Работам на улица и нудам услуги преку Интернет. Откако се спроведоа новите закони, станав подискретна во мојата работа. Сега ги нудам моите услуги преку телефон и се чувствувам најслободна на улица. Знам со кого можам да ја работам оваа работа, при тоа избегнувајќи ги парковите и училиштата. После долги години работа на улица, знам со кого треба да разговарам. Цената за услугите кои ги нудам не ја кажувам по телефон, за тоа разговарам откако ќе се случи средбата“. Извадок од Какви мерки преземаат сексуалните работници за заштита од насилство и како ја избегнуваат полицијата? (S-Work No.52) 2