S-Work No.60 60done | Page 6

Источна Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа Ескорти, стриптизери, масери и масерки - сите се нормални луѓе кои заслужуваат да бидат третирани со достоинство Другите луѓе отсекогаш биле загрижени за мојата безбедност како сексуален работник, веројатно повеќе од мене. Дури и клиентите понекогаш ме замолуваат да бидам претпазлив, или пак што е уште полошо, се трудат од мене да извлечат информации во однос на тоа дали некогаш сум имал насилен клиент. Да, сум имал неколку инциденти. Во секоја услужна дејност постојат идиоти со кои мора да се справите. Сепак, кај сексуалнта работа е малку поразлично, бидејќи сте сами зад затворени врати, еден-на-еден (обично, ха-ха). Сум се среќавал со многу клиенти кои мислеле дека ме купиле и можат да прават со мене што сакаат. Се има случено клиент да ме удри или гризне. Но, секако не е секој ден таков, да беше ќе ја искористев мојата диплома да најдам друга работа. Една од најлошите работи која ми се има случено беше во Мелбурн. Клиентот ми се појави пред вратата на апартманот, видливо нервозен, при тоа каснејќи на средбата. Ми беше навистина многу чуден. Некогаш треба да научите како да ги препознавате ваквите ситуации и да ја слушате вашата интуиција. Откако го замолив да си замине, ја затворив вратата. Но тој почна силно да вика и да тропа. Дури се обиде преку надворешните скали да влезе во мојот апартман. Знаев дека е нелегално да се гледам со клиентите во мојот апартман, секако тоа го знаеше и тој и веруваше дека нема да викнам полиција. Но, јас сум средновечен бел маж кој подобро би бил казнет отколку убиен. Собрав храброст и ја повикав полицијата. Секако, избега пред да се појави полицијата. Никогаш не сум бил поисплашен во мојот живот. Веднаш му се јавив на мојот партнер да му ја раскажам случката. На крајот испадна се добро, иако незнам што ќе се случеше доколку не повикав полиција. Сум работел во пет држави во Австралија, секоја со посебни закони за сексуалната работа, при тоа имам сфатено дека степенот на насилство кое го имам искусено е тесно поврзан со степенот на дискриминација во таа земја. Никогаш не сум имал насилен клиент во Нов Јужен Велс, каде сексуалната работа е целосно декриминализирана. Јужна Австралија е единствената држава каде што сексуалната работа е сосема нелегална, и токму таму стапката на убиства на сексуални работници е најголема. Неодамна, една моја пријателка, која е сексуален работник во САД, беше силувана на работа. Кога ми раскажа за немилата случка, ми се скрши срцето. Неможела да го пријави човекот кој ја силувал во полиција бидејќи стравувала дека ќе биде уапсена. Како и многу сексуални работници, повикувам на целосна декриминализација на сексуалната работа. Декриминализацијата ни овозможува слободно да ги спроведуваме нашите бизниси како и сите други и ни озбезбедува побезбедни работни услови. Главен фактор за начинот на кој се третираат сексуалните работници се изградените ставови и мислења на едно општеството. Не заборавајте дека секој може да биде сексуален работник. Никогаш не зборувајте лошо за транс луѓето, хомосексуалците, бисексуалците, сексуалните работници, пред никого, едноставно не знаете со кого разговарате. Сите се нормални луѓе кои заслужуваат да бидат третирани со достоинство. 6