S-Work No.59 59 | Page 8

25-годишниот Артур кажува дека е помалку вознемирен и посигурен откако ја изгубил невиноста во салонот за масажа. Сите од нив повремено плаќаат за сексуални услуги. Тоби смета дека средбите со сексуален работник се негова единствена опција во животот. Губењето на невиноста е комплицирано без оглед на околностите. Еден од клиентите на Мекнеил кој никогаш нема да го заборави, бил млад Индијанец, кој требал да се жени со договорена жена. „Дојде кај мене за да научи како да ја задоволи својата идна жена. Му реков да почне со тоа што тој смета дека е добро за него и дека ќе го исправам доколку мислам дека згрешил.“ вели Меги. Кога станува збор за губење на невиност на клиентите, Мекнеил вели дека таа многу сериозно ја презема одговорноста. „Се обидувам да им го направам првиот пат посебно искуство”, вели таа. „Овој човек е еден од многуте клиенти за мене, но за него, јас секогаш ќе му бидам првата. Тоа на некој начин е голема чест за мене. Јас засекогаш ќе останам во неговото сеќавање и затоа се обидувам да им го направам првото искуство убаво колку што е возможно”. 8