S-Work No.59 59 | Page 9

Источна Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа Пензионираните сексуални работници во Мексико имаат посебен дом откако ќе им заврши кариерата Откако жените сексуални работнички во Мексико ќе станат премногу с тари да ја работат својата професија, тие одат да живеат во посебен дом за пензионирани сексуални работници. Овој специјален пензионерски дом им ги нуди основните услови за живот на овие жени кои веќе не се способни да даваат сексуални услуги. Прифатилиштето за пензионирани сексуални работници Casa Xochiquetzal се наоѓа во главниот град на Мексико. Оваа заедница е финансирана од страна на државата, со што на жените им се обезбедува сместување, храна и здравствена нега. Покрај помошта од префесионалци, овие жени меѓусебно си даваат голема поддршка и помош во изведување на секојдневните работи. Поголем дел од овие бивши сексуални работнички претрпеле некаков вид на насилство во минатото, така што заедничкиот живот во оваа заедница им помага да ги надминат сите свои стравови и да си ја вратат самодовербата. На жените им се нудат различни курсеви и можности да научат нови вештини и да се занимаваат со своите хобија. Секоја од нив си има и посебен простор за своите лични предмети. 9