S-Work No.59 59 | Page 7

Источна Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа Губењето невиност со сексуален работник може да има терапевтско влијание Плаќањето за сексуална услуга може да им помогне на некои мажи да ги надминат своите проблеми со интимноста. Бади откако поминал една недела во камп надвор од градот се вратил во Мериленд за својата роденденска забава. Има 29 години, и сеуште ја нема изгубено својата невиност. Но, решен е тоа да го промени токму кога ќе влезе во својата трета деценија. „Тоа беше нешто што навистина се обидов да го задржам во приватност и причина плус да се извлечам од врските”, вели тој. Таа вечер, Бади ја поминал вечерта во еден бар со некои стари пријатели од работа. Во еден момент, еден од момците му го предал својот телефон да избере девојка со кој би можел да ја помине ноќта. Откако го договориле местото за средба Бади и ја напоменал својата ситуација. „Треба да знаеш дека сум девица. Доколку реагираш, тоа да биде на телефон, а не во спалната соба”. „И двајцата знаевме што ќе се случува понатаму, немаше ништо што би можел да го сторам или речам, а да не резултира со секс” - вели тој. „И реков дека сум девица и премногу нервозен, но таа направи се што можеше за да ме смири. Сепак, на крајот, имав „некакво” искуство, наместо „ништо”. Веќе знаев што да барам следниот пат”. Машката невиност не треба да биде трагедија. Иако сосема е во ред да се има ограничено сексуално искуство во 20-ите од животот, сепак тоа понатаму може да прерасне во вистинска фобија. И тогаш веќе почнуваат проблемите. Многу често сексуалните работници работат со клиенти кои ја немаат изгубено невиноста и се ставаат во улога на психијатри кои им помагаат да го надминат овој проблем. „Невиноста е неуспех само во нивните глави”, вели Меги Мекнеил, долгогодишен сексуален работник и писател кој во текот на нејзината кариера имала голем број девствени клиенти. „Притисокот кој го чувствуваат овие луѓе е навистина голем, како некое животно што ги јаде одвнатре. Желбата да ја изгубат невиноста им станува единствена цел во животот, додека пак стравот е тој што ги турка во очај “„ Мекнеил дава сe од себе со цел да биде понежна кога работи со клиенти кои имаат ограничено сексуално искуство. Нејзините постојани клиенти генерално знаат што сакаат. Но, девиците незнаат, и со нив е потребно поголемо трпение. Таа го опишува тоа како „подигнување на трпението на повисоко ниво“. „Кога имам секс со ваков клиент се обидувам да бидам што е можно повербална: Тоа е одлично, направете го тоа уште еднаш, повеќето жени го сакаат тоа“, вели таа. „Со девиците, често знам да им повторувам исти реченици како „Ми се допаѓа тоа“ со цел да ги опуштам и да им ја зголемам довербата”. За некои мажи интимноста може да прерасне во чудовиште, и за да преминат преку тоа им треба навистина повеќе време. „Губењето на невиноста ми ги отвори очите за она што сум го пропуштил. За мене, тоа искутво претставуваше еден вид терапија, која навистина ми помогна да ја победам депресијата”, вели Натан, кој ја изгубил својата невиност на 20 годишна возраст со ескорт девојка. Четворицата мажи кои биле интервјуирани, и кои ја изгубиле невиноста со сексуални работници се во фаза на развивање на поконзистентен сексуален живот. Бади започнал да се гледа со мажи на Grindr. Моменталната цел на Натан е да воспостави долгорочна врска со некоја девојка. 7