Брејди на некој начин чувствува должност да ги прераскаже овие трагични настани и насилството
врз жените, а и покрај тоа што во своите ислутрации жртвите се анонимни, сепак имаат за цел да
пренесат силна порака.
Во една од нејзините илустрации е прикажана мртовечница во која се изведува обдукција на убиен
сексуален работник. Додека мртвото тело лежи на масата, се крева духот на ликот на Брејди и
почнува да разговара со патологот велејќи му „Можеш и чувствата да ми ги исечеш“. Таа продолжува
да разговара со него со вознемиреност, раскажувајќи за својот живот на улица, за мажите кои ги
запознала и за деталите од нападот кој е причина што таа сега лежи на оваа ладна маса.
Брејди успева на одличен начин да го спои црниот хумор со трогателната приказна на убиената
сексуална работничка. За неа оваа приказна ќе остане длабоко врежана во нејзината меморија.
Преку Ugly Mugs Брејди сака да ја ослободи вистината кога сите други замолчуваат за насилството
врз жените кои работат на улиците, и пред сè да им ја даде потребната поддршка и заштита.
6