S-Work No.59 59 | Page 5

Источна Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа Ugly Mugs не потсетува на грдата реалност и на насилството врз сексуалните работници Ugly Mugs или во буквален превод - Грди чаши, за оние кои не се запознаени, е име на брошура која сексуалните работници ја дистрибуираат со цел да се идентификуваат и предупредуваат едни со други за насилните, опасните и навредливи клиенти со кои тие се среќаваат додека работат. На оваа брошура графички е илустрирана приказна за една убиена девојка, млада сексуална работничка, која последен пат била видена со тинејџер. Напишана од Пета Брејди, користејќи ги сопствените искуства како теренски работник на Црвената улица во Мелбурн , таа преку овие брошури ги раскажува приказните за оние кои стануваат жртви на општеството. Ја претставува суровата реалност во поглед на насилството врз сексуалните работници, како и страшните последици од истата. Иако карактерите во приказните се измислени, сепак тие ја октриваат суровата вистина. Брејди е писател и теренски работник кој дистрибуира игли и кондоми и им дава совети на оние кои работат на улицата Сент Килда во Мелбурн. Како мотив за да започне со Ugly Mugs и да пишува приказни, било убиството на нејзината пријателка, сексуалната работничка Трејси Конели. Веста за нејзината смрт силно ја погодила. Неколку години подоцна, во 2003 –та година се случило уште едно убиство, кое дополнително ја шокирало. Брејди особено се разочарала од ограниченото медиумско покривање и известување за овој случај, што пак ја охрабрило да продолжи да раскажува приказни преку Ugly Mugs. 5