S-Work No.59 59 | Page 4

Бидејќи Лаура го комбинира својот активизам со својата кариера како сексуален работник, таа има големо искуство во однос на тоа како овој закон ги прави сексуалните работници поранливи. Родена во Даблин, таа живее со нејзината ќерка тинејџерка во близина на Глазгов, но поради својата работа патува низ целата земја. Меѓувремено, своите услуги ги рекламира онлајн на својата веб страна. Во моментов околу 50% од нејзината работа е во Северна Ирска. Откако е донесен законот, таа вели дека нејзината работа е многу поопасна. „Луѓето не се подготвени да ги користат формуларите за онлајн резервации и не сакаат да ги откријат своите податоци. Сите одеднаш станаа Џон. Нема намалување на побарувачката од страна на клиентите, но се потешко ми е да се заштитам себеси“. Само околу 10% од нејзините редовни клиенти се исплашиле од новиот закон со одлука да престанат да ги користат нејзините услуги. Останатите продолжиле да доаѓаат на средбите, но под стрес од хипотетичката закана од гонење. „Тие се плашат да бидат ставени под некој вид надзор; постојано прашуваат: Дали мислите дека не следат? Дали мислите дека полицијата ќе ја дознае регистрацијата на мојата кола? Се обидувам да ги утешам. Велам: Мислам дека полицијата е премногу зафатена за да го следи вашиот автомобил”. Сепак, клиентите остануваат несигурни и повеќето одбиваат да дадат лични податоци. „Доколку ги одбивам сите кои ми изгледаат сомнителни, ќе останам без пари, што значи, останува на мојот инстинкт да го направам вистинскиот избор,” вели Ли, која веќе 20 години работи во секс индустријата. 4