Пошироката јавност смета дека воведениот Шведски модел претставува најдобар начин за справување со експлоатативниот третман на жените во сексуалната индустрија. Од една страна постојат оние кои поддржуваат шведскиот модел, како што е и Северна Ирска која го усвои овој закон со кој се криминализираат клиентите, а не сексуалните работници. Сите бевме сведоци на анти-кампањата која ја покренаа голем број на славни личности како Мерил Стрип и Кејт Винслет против Амнести интернешнал, кои пак се борат за целосна декриминализација на сексуалната работа во сите аспекти.
И двете страни се залагаат за правата и безбедноста на сексуалните работници, но според мислењето на Ли, многу често знаат да ги исклучат гласовите на сексуалните работници во креирањето на политикитите кои сепак се наменети за нивна безбедност и заштита, а со тоа само се постигнува спротивен ефект.
„ Играњето во улога на сексуален работник во филм не ве прави експерт за сексуалната индустрија: Некој, ве молам, да и го каже ова на Ен Хатавеј”, вели Ли, за актерката која освои Оскар за нејзината изведба на проститутка Фантина во Les Misérables, а која исто така се изјасни против кампањата на Амнести. Ли е иритирана од определувањето на активистите за борба против проституцијата, а при тоа да ги игнорираат искуствата и мислењата на сексуалните работници. „ Ние неколку пати ги замоливме да престанат да зборуваат во наше име. Тоа е деградирање. Тоа е исто како знаеме што е најдобро за тебе, ќе те извадиме од оваа професија, бидејќи само си наштетуваш а воопшто не си свесен за тоа. Но, мислам дека многу добро знам кога сум повредена или не”, вели таа.
Таа е збунета од одлуката на Владата на Северна Ирска која ги донесе измените во законот за регулација на сексуалната работа и кој се води според Законот за трговија со луѓе и експлоатација. Ли смета дека оваа одлука е мотивирана од страна на моралниот конзервативизам на Демократската унионистичка партија и е срочена во универзално прифатената кампања за против трговијата со луѓе. Според овој закон, секој осуден за плаќање за секс според членот 15 може да се казни со затвор до една година или парична казна или и двете.
3