Лаура Ли – Сексуален работник и
активист: „Сега е многу потешко да
се биде безбеден”.
Криминализацијата на клиентите во Северна Ирска кои плаќаат за сексуални услуги требаше да има
за цел да ја зголеми заштитата на сексуалните работници, но се случи токму спортивното. Лаура Ли
е сексуален работник и долгогодишен активист кој се бори за правата на сексуалните работници и
е една од малкуте кои имаат храброст јавно да говорат за овој закон со кој се угнетува најстарата
професија на светот.
Во Велика Британија, нема многу сексуални работници кои сакаат да зборуваат отворено за нивната
работа, но сепак може да се каже дека Ли е исклучок. Пред сè, таа е пријателски настроена и љубезна
и се труди колку што е можно да даде повеќе информации (и покрај тоа што е навистина уморна
после ноќното работење).
Лаура е голем оптимист, со спиење само од четири часа таа мора да се подготви за состанокот
со својот клиент, висок човек, крос дресер, кој доаѓа со својот ранец во кој има розева перика и
женска облека. „Едноставно не чувствува дека неговата сопруга ќе ја разбере неговата желба да се
облекува во женска облека, но јас потполно го разбирам”, вели таа, со сочувство.
Пред да замине на договорената средба, сепак успеа да ни даде важни информации за законот кој
ја таргетира сексуалната работа.
Ли има веќе подготвено правна жалба против Владата на Северна Ирска, која пред една година
го воведе новиот радикален закон со кој се криминализира плаќањето на сексуални услуги. Иако
промената на законот се чинела позитивна, сепак работата на сексуалните работници станува
се понесигурна, со оглед на тоа дека криминалот се пренасочува врз нивните клиенти. Ли, која е
дипломиран правник, успеала да собере повеќе од 7000 фунти од своите клиенти, другите сексуални
работници и пријатели да обезбеди судска ревизија, со цел да се укине законот. Првото рочиште во
Високиот суд во Белфаст и било закажано минатата година на 19 февруари.
2