S-Work No.58 S-Work Magazine | Page 9

мислење дека некои работни места се сепак „ полоши”, и многу сексуални работници гледаат со потценување на оние со „ помали” работни места.
Оваа поделба не се однесува на парите. Ако ништо друго, оние кои се наоѓаат на повисок ранг во однос на заработката во секс индустријата се сметаат за помалку ценети во заедницата. Не се работи ниту за слава, туку за хиреархија на работните места, при тоа постојат две хиерархии- една организирана според степенот на физички контакт со клиенти, а друга според тоа колку сексуалните работници уживаат во давањето на услугите.
Мелинда Шатоверт, автор на „ Обединети сексуални работници“ вели дека многумина избираат да работат пред камери или како стриптизери, при тоа немаат секс и не разменуваат телесни течности. Ваквата група може да се постави супериорно кон оние кои даваат директни сексуални услуги.
Многу сексуални работници се согласија дека често се оценуваат и делат според оваа „ класификација“. Неколку стриптизери ми кажаа дека соблекувањето и играњето воопшто не го сметаат за сексуална работа, бидејќи не мораат да ги допираат своите клиенти.
Една девојка која работи на веб камера и која ме замоли да не и го откривам името, ми кажа дека ваквата поделба во секс индустријата имало големо влијание врз нејзиниот романтичен живот. „ Сум била со повеќе мажи кои сметаат дека е ОК да работам како стриптизерка или пред веб камера, но не и да имам секс. Мажите веруваат дека оние кои имаат секс за пари се валкани и очајни – а сепак ги почитуваат порнографските ѕвезди. Мислат дека компјутерскиот екран ќе ги заштити од реалноста, одминувајќи го фактот дека и тие се жени кои продаваат секс”.
Другите сексуални работници со кои имав прилика да разговарам беа помалку критични во однос на физичкиот контакт и наместо тоа приоритет му даваат на уживање и задоволството во нивната работа. Сметаат дека сексуални работници се оние кои „ навистина го сакаат тоа што го прават” или „ тоа е нешто што отсекогаш сакале да го работат”.
„ Го сакам тоа што го правам”, ми кажа Хилари Холид, ескорт девојка од Минеаполис. „ Навистина сум пребирлива во однос на тоа со кого го трошам моето скапоцено време и сакам да ме почитуваат. До сега сум одбила многу клиенти, меѓутоа се уште добро заработувам”.
Гледано од другата страна, оние кои се чувствуваат обврзани да работат како сексуални работници од финансиски причини, често се потценуваат. Тие истите се помалку слободни да продолжат со други форми на работа, и како резултат на тоа чувствуваат незадоволство кон своите работни места. Јас исто така ја напуштив мојата работна позиција како хот лајн операторка за да бидам повеќе „ почитувана”, но и за многу пониска плата.
Антонија Креин, која поминала многу години работејќи како ескорт и стриптизерка, смета дека со намалување на стигмата и срамот, ќе придонесе до обединување на сите „ категории“ на сексуална работа: „ Треба да работиме заедно, наместо еден против друг, системот е така дизајниран да нè сврти едни против други. На ова можам само да додадам едно – Ние сме тим”.
Назад во барот со Кара, мојот прв впечаток беше зачудувачки, почувствував дистанца помеѓу мене и неа и срам од нејзината осудувачка реторика. Која е таа да гледа така на другите сексуални работници? Но, знаев дека нема да стигнам никаде доколку се повлечам од разговорт. Па, наместо тоа, нарачав уште една тура за пиење и почнав да ја раскажувам мојата приказна.
9