S-Work No.58 S-Work Magazine | Page 10

суалните опа

Ноќниот живот на една скопска улица и сексуалната работа во минатото

работници , нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна
Скопскиот хроничар Данило Коцевски го опишува ноќниот живот на една позната улица во Скопје од минатото и тогашната сексуална работа .
Тогашните имиња на кафеаните и на борделите во улицата создавале впечаток како да се движите низ некој чудесен крај кој ви ја разгорува фантазијата : „ Империјал ”, „ Америка ”, „ Шангај ”, „ Бела лаѓа ”, „ Океан ”, „ Босфор ”, „ Марс ”, „ Златен паун ”, „ Брзиот воз ”. Самото име брзиот воз укажува на податокот дека улицата се наоѓала во близина на Железничката станица каде што бил најприсутен најстариот занает на светот .
Колку бил необичен тој свет на ноќното Скопје , зборува и фактот што сексуалната работа била поврзана со разни други феномени на тој живот . Почнувајќи од забавата во угостителските објекти и надвор од нив , па се до коцкањето , а често и хашишот кој , главно , бил шверцуван од Истокот . Скопје се будело со првиот мрак и живеело посебен живот , се до рани зори , кога се играло барбут и мунте , и се посетувале дамите на ноќта . Од кафеаните , во таа славна улица на девојките одекнувала најразлична музика со тогаш популарните песни „ Бате , ле бате , Стојане ”, „ Црвен фесиќ , јој , мамице ”, а особено „ Ајде слушај , слушај , калеш бре , Анѓо ”.
Песната и танците , всушност , биле предигра за сето она што потоа следувало во собите на тие ноќни локали или надвор од нив . Еден од најпознатите бордели на таа улица на сексуалните работнички бил со романтично име „ Венеција ”. Нишањето на гондолата симболично го означувало еротскиот и сексуалниот копнеж и таа поетска кованица често била употребувана . Поранешното име на овој ноќен локал бил „ Каиро ”, а потоа бил преименуван во „ Венеција ”. Гостите лудувале по двете танчарки кои настапувале секоја вечер , а со кои започнувало нишањето на гондолите . Нивните имиња биле Стела и Роза , а се разбира , нивниот изглед бил многу побитен од имињата . Посебно привлекувал сексапилниот танц кој го изведувале . Биле облечени во зелена , проѕирна свила , под која се оцртувале сите детали на нивните раскошни тела . Страсно и занесно се извиткувале во играта , заведувајќи ги присутните гости .
Навечер , веднаш по 19 часот , Скопје знаело да замириса на велеградска кал . Во тие часови , ноќните работнички и работници започнувале да излегуваат и градот наликувал на Шангај , Бомбај или на Буенос Аирес . И како во некој возбудлив и живописен роман , неколку стотини жени во тие мигови започнуваат да ги облекуваат своите најубави здолништа . Морало се да биде подготвено за ноќната забава и за клиентите . Како се подготвувале дамите на ноќта во тие мигови ? Постои дури и таков запис .
Најпрвин , со кармин и со пудра ги мачкале нивните восочни лица , а во уста си прскале колонска вода . Карминот , пудрата , колонската вода ги правеле заводливи . Понекогаш , дури и евтината пудра и механичката насмевка успевале да го привлечат вниманието на муштериите што првпат доаѓале или биле нивни редовни гости .
Еротската фантазија ја зголемуваат описите на сцените за тоа што се случувало во собите на борделите , а постојат и такви прозни записи . Тие се најчесто иронично-хумористички интонирани , и на лесен и забавен начин ја сликаат таа атмосфера :
„ Тогаш во Скопје , близу до Станицата постоеше една улица целосно посветена на најстариот занает на светот ”.
10