S-Work No.58 S-Work Magazine | Page 8

сточна
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа

Колумна на Ребека Лаиб

Дали некои типови сексуална работа се „ подобри” од други?

Имав прилика да разговарам со стриптизерка, девојка на веб камера, доминантна девојка во садо мазо и две сексуални работнички, при тоа се утврди дека постои хиреархија во сексуалната работа. „ Јас не сум проститутка”, ми одговори мојата пријателка Кара, додека седеше на спротивната страна од масата. „ Но, имам отидено на договорена средба за пари”.
Два жестоки пијалоци, во Happy Hour и Кара веќе започна да објаснува како мешавина од сексуална фрустрација, здодевност и потреба од поголема заработка ја довело да отвори профил на истакнатиот веб-сајт Sugar Daddy, за кој дознала преку Њујорк тајмс. Разгледувајќи ги понудите од целата земја, Кара изминатата недела го имала својот прв состанок со еден инвеститор на недвижнини со седиште во Лос Анџелес, кој и подал коверт од стотици евра за збогум.
„ Јас не сум проститутка, нели?” Таа подоцна побара уште едно виски. „ Ние воопшто немавме секс”. Таа погледна право во моите очи, како да бараше потврда на нејзиното прашање.
Тоа што Кара не го знаеше за мене, е дека скоро 10 години работев како сексуална работничка. Во 2000-та година, започнав да работам на хот лајн, од слични причини како на Кара: ми требаа пари, ми беше досадно и бев љубопитна. Инсталирав евтина фиксна линија, имав 25-минутна средба за консултации со мојот претпоставен, и потоа веднаш започнав со работа. Продолжив да работам на хот лајн се додека не ја добив мојата прва асистентска работа( која, депримирачки, беше за половина помалку платена од онаа на секс преку телефон).
Воопшто не жалам за тоа што го работев и се сомневам дека некогаш ќе зажалам. Комуницирав со луѓе од целиот свет, но не беа тоа само разговори, станував нивни пријател, им помагав во многу ситуации, им го кревав духот, играв најразлични улоги. Тоа што сум сексуален работник ми помогна да стапам во контакт со најразлични личности и да бидам дел од најразлични човечки околности, што поинаку не би можела да допрам до нив.
Седејќи пред Кара, се прашував што ќе и речев јас како 22-годишна девојка која сè уште работи како секс-оператор. Се прашував што девојка која продава секс за пари, порно ѕвезда, стриптизерка, или хотлајн операторка ќе и каже на оваа девојка, која со сите нејзини намери и цели, им се придружила во нивните редови. Дали нејзината верзија на сексуалната работа е „ подобра” или „ полоша” од нивната? Дали тоа воопшто е сексуална работа?
Во наредните неколку месеци, интервјуирав повеќе од 30 пријатели, познаници и истражувачи вклучени во сексуалната индустрија за тоа како гледаат на „ хиерархијтата на сексуалната работа”, ако воопшто такво нешто постои. Разговарав со повеќе луѓе и сфатив дека не постои ништо со што би се утврдило кои работни места во секс индустријата се „ подобри” од другите. Но, сепак постои
8