Источна
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и
Европа
Гриселидис Марсел Реал – Писателка и
револуционерна активистка за правата
на сексуалните работници
Иако звучи како псевдоним, сепак Грисеалидис Реал е вистинското име на оваа уникатна жена,
која истовременено била талентиран писател и сексуален работник.
Грисеалидис е родена во Лозано, и потекнува од големо почитувано семејство. Нејзините
родители биле учители. Таа го поминала своето детство во Александрија, а потоа во Атина, каде
што работел нејзиниот татко. Како студентка се вратила да живее во Швајцарија, и студирала
уметност на школата за декоративни уметности во Цирих. Во меѓувреме посетувала и часови
по класично пијано.
Откако завршила со студиите, Реал започнала да работи како модел на артисти, позирајќи гола
за голем број на сликари и скулптори. При тоа, се омажила за еден од артистите и родила два
сина. Меѓутоа нејзиниот брак бил неуспешен, па набрзо се развела и се преселила да живее
во Германија. Почнала да работи како сексуален работник на почетокот на шеесеттите години.
Еден ден, кога се движела низ селата, еден возач застанал и и предложил пари за секс во
задниот дел од автомобилот. Тоа била нејзината прва професионална работа како сексуален
работник.
Германија, во тоа време, била преполна со окупациски трупи од повеќе земји. Бидејќи познавала
повеќе јазици, воопшто не и било проблем да биде со мажи од различни националности. Најмногу
ги сакала Британците кои ги нарекувала „вистински господа” и Американците, особено црните
мажи, од кои со еден подоцна се омажила. Почнала да живее со својот нов љубовник, од кого
имала уште две деца.
Во нејзината прва книга Le noir est une couleur (Black is a color), таа ја раскажува својата
приказна на искрен начин со темни лириски тонови кои ги добила од сопственото животно
искуство.
5