S-Work No.58 S-Work Magazine | Page 6

Во текот на седумдесеттите години, Реал станала голем активист за сексуалните работници, особено во 1973 година, за време на окупацијата на Шапел Сен Бернар во Париз. Тоа бил нејзиниот прв протест заедно со нејзините сестри, како што ги нарекувала своите колешки, во одбрана на нивните човекови права против бруталните напади од страна на полицијата и макроата. Таа станува позната како „ Револуционерната курва“ која помогнала во основање на првото здружение за поддршка на сексуалните работници- Aspasie. Во својот мал дом во Женева, формирала и Меѓународен центар за документација на сексуалната работа, кој до ден денес го користат многубројни социолози и истражувачи како референтен извор.
Реал пишувала и дневник, во кој го опишувала секој свој клиент и секое свое искуство како сексуален работник. Нејзиниот дневник резултирал со нејзината книга објавена во 1984 година- Carnet de bal d’ une courtisane“ A Courtesan’ s Dance Card”. Во 1992 година, ја има објавено La Passe imaginaire, компилација на писма испратени до нејзиниот пријател Жан-Лук Хениг.
Паралелно со нејзината политичка борба, Реал развила позитивна визија за она што го нарекува „ Уметност, хуманизам и наука”. При тоа наведува дека дека сексуалната работа треба да биде избор, одлука со слободна волја. Во предговорот на нејзината книга A Courtesan’ s Dance Card која била препечатена во 2005 година, Реал ја нарекува проституцијата „ уметност и хуманистичка наука”, велејќи:
„ Единствената автентична проституција е онаа која ја владеат големите уметници и перфекционисти и кои ја практикуваат оваа работа со интелигенција, почит, фантазија, срце, искуство и подготвеност“.
Реал престанала да работи како сексуален работник во 1995 година, на 66 годишна возраст. Починала од рак во 2005 година. На 9 март 2009 година, оваа револуцинерна активистка била ексхумирана и погребана на престижните гробишта во Женева, каде што почиваат големи и славни личности.
6