да платат. Меѓутоа, се трудам колку што можам да ги игнорирам ваквите клиенти. Моето семејство не знае со што се занимавам. Пријателите знаат, и немаат никаков проблем со тоа. Ме имаат прифатено таков каков што сум и целосно ме поддржуваат.
Дали некогаш си бил жртва на насилство?
Имав еден немил случај каде закажав средба со еден средновечен маж. Бидејќи средбите ги закажувам преку телефон, навидум ми изгледаше ОК. Откако клиентот се појави на мојата врата, сакаше насилно да влезе во станот во кој работам. Почна да ме турка и да ме удира со клоци и тупаници. Меѓутоа, некако успеав да го истуркам надвор и веднаш му ја затворив вратата. Во тој момент се исплашив многу. Оттогаш кога закажувам состаноци, се трудам што е можно подобро да ги проценам и секако да испитам за каков клиент станува збор. Најчесто клиентите ги прашувам за возраста, брачниот статус, работата, и други приватни работи со цел да проценам каков е клиентот. Морам да бидам претпазлив, бидејќи секојдневно ми се јавуваат и по 20 луѓе, а за нив незнам ништо. Има еден што ми се јавува постојано во изминативе 6 месеци. Преку телефон е навистина пријателски настроен, но мене ми беше сомнителен. Затоа се распрашав за човекот и дознав дека работи како инспектор и мислам дека има задни намери бидејќи постојано ми ги спомнува законите во државата. До сега се немам сретнато со него, а немам ни намера.
Како постапуваш со насилни клиенти? Имаш ли некаков механизам на одбрана?
Доколку некој ме удри, ќе му возвратам во иста мера. Не се плашам воопшто. Не сакам да пријавувам насилтво во полиција, бидејќи на крајот на денот јас ќе испаднам крив. Сигурно ќе ме казнат дека работам нешто што е забрането, затоа во вакви ситуации се справувам сам. Еден период работев и надвор од Македонија, поточно во Софија, и сметам дека таму е побезбедно за работа отколку во Скопје. Во Софија има евтини мали мотели / хотели каде што можеш дискретно да се состануваш со клиенти. Навистина, таму се чувствуваш позаштитено, тука не. Во Скопје морам да работам во приватни станови, на улица не излегувам воопшто, бидејќи може да ти се појават поголема група на луѓе и да ти наштетат.
Дали работиш сам или имаш макро? Работам сам, немам потреба од макро.
Дали имаш некаква заштита од страна на организациите? Дали имаш бесплатна правна или здравствена помош?
Секако. Имам заштита од невладините организации како ЛГБТ, СТАР-СТАР од Скопје и ИЗБОР од Струмица. Во овие организации сум активен член и имам добиено правна и здравствена помош.
3