Исповед на еден сексуален работник:
„Работам како сексуален работник,
притоа користам повеќе имиња со цел да
се заштитам“
Ни се претстави како НИКИ, но овој
сексуален работник користи повеќе
имиња со цел да се заштити. Ники веќе
долги години работи како ескорт и нуди
еротски масажи.
На колку години почна да се
занимаваш со сексуалната работа?
Започнав да нудам сексуални услуги на 18
годишна возраст и оттогаш оваа професија
ми е единствена опција за егзистенција.
Кој те внесе во оваа професија? Како
почна?
За оваа работа дознав од пријатели. Моето
семејство е сиромашно и не можеше да
ми обезбеди за нормален живот, а сите
знаеме кои се барањата на еден човек
во екот на младоста. Немав велосипед,
ролерки, а повеќето од моите пријатели
можеа тоа да си го дозволат, и затоа решив
да заработувам сам за да можам да си
купам се што ќе посакам. На почетокот на
моите клиенти им нудев сексуални услуги
во замена за подароци кои секако јас сам
си ги одбирав.
Што воопшто чувствуваше првиот пат
кога пружи сексуални услуги?
Ми беше навистина интересно, секако
малку чудно, но со оглед на тоа дека знаев
уште од самиот почеток што сакам од
клиентите, воопшто не ми пречеше. Во
размена за сексуални услуги, добивав
сè што ќе посакам.
Колку години се занимаваш со сексуалната работа?
Со сексуалната работа се занимавам повеќе од 10 години. Верувам дека еден ден ќе најдам добро
ситуиран партнер, и тогаш би престанал да ја работам оваа работа, доколку не, би продолжил и
понатаму. Моментално не ме спречува ништо да се занимавам со сексуалната работа.
Кои се главните проблеми со кои се соочуваш?
Како во секоја работа, така и во оваа има проблеми. Бидејќи работам со клиенти, главно проблемите
се поврзани со нив. Ми се има случено клиенти да ми се закануваат и да бараат сексуални услуги без
2