Според нејзините зборови, оженетите мажи можеле да спијат со секоја, освен со туѓа сопруга, додека мажените жени не смееле да имаат секс со никој друг. Зградата е сместена во најстариот дел на Помпеја, а улиците од нејзината лева и десна страна биле преполни со стари крчми и таверни.
На влезот од зградата, Ве дочекуваат впечатливи еротски слики на ѕидовите и таваните, како на пример насликани парови во различни сексуални пози. Историчарите тврдат дека цртежите не служеле само за декорација, туку биле некој вид на каталог кој ја опишувал специјалноста на сексуалната работничка во одредени соби.
Пред две илјади години сексуалната работа била легална. Робови од двата пола, биле носени од Грција и други држави кои тогаш биле под римската власт и тие работеле како сексуални работници.
Научниците идентификувале 120 врежани натписи, вклучувајќи ги и имињата на клиентите и вработените. Може да се каже дека дел од тие натписи се многу слични со содржината на денешните натписи по тоалетите, преку кои мажите ги разменуваат своите сексуални таленти.
На спратот на борделот се наоѓаат пет простории, секоја со посебен балкон, од кој секоја сексуална работничка ги повикувала клиентите. Научниците претпоставуваат дека морале да имаат дозвола за работа, да плаќаат даноци и да се придржуваат на одредени правила со што би се разликувале од останатите жени.
На улица морале да носат наметка со црвена боја, а косата ја боеле плава. Во зависност од тоа каде работеле и какви клиенти услужувале, сексуалните работнички биле распоредени во категории.
Иако историската јавна куќа била извесно време затворена, тоа не ги спречило некои туристи во намерата да ги остварат своите сексуални фантазии, па затоа во 2014 година поради тоа се уапсени тројца туристи.
8