50-те нијанси на Помпеја – Еротските
сцени на ѕидовите откриваат како
изгледале Античките бордели
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа
Древниот римски бордел во Помпеја, откриен во 19 век, туристите можат да го видат од
октомври 2006 година, а неговите насликани ѕидови ја откриваат љубовната пракса на
старите Римјани.
„Лупанар во Помпеја“ некогаш било место редовно посетувано од богати деловни луѓе и
политичари пред да исчезне прочуениот Римски град во ерупцијата на вулканот Везув во 79
година од новата ера.
Научниците веруваат дека еротските изведби, вклучувајќи го и групниот секс ги известувале
клиентите за услугите кои можеле да ги добијат.
„Лупанар“ бил централна точка на областа со црвени фенери. Иако не бил најлуксузен, ниту
најзначаен објект кој преостанал од Помпеја, сепак бил најомилено место за туристите од
целиот свет. Цртежите откриваат дека во борделот услугите не ги нуделе само жени. Мажите,
особено младите робови, истотака го продавале своето тело.
Кели Олсон, професор на Западниот универзитет, која ги проучува улогите на жените од
римското општество, минатиот месец го посетила древниот град за потребите на снимањата
на емисиите на канадскиот канал СИ-БИ-ЕС под име „Природни работи“.
„Тоа не е најубавото место за работа“, кажува таа, опишувајќи го животот и работата во
борделот. Многу мали ,влажни, мрачни и неудобни простории.
7