S-Work No.57 57 | Page 6

да ја избегне сиромаштијата“. Се прашувам дали доколку проституцијата би станала легална истово би ги навело девојките слободно да се занимаваат со истата. Да ја имаат како опција за вработување? Ќе се намали или зголеми бројот на сексуални работнички? Колку слободниот избор ќе остане слободен? Стар-Стар минатата година спроведе истражување и издаде публикација на тема „ Доброволна сексуална работа“. Ова истражување покажа дека голем процент од сексуалните работници кога би имале можност да се претстават пред општата популација би се претставиле себеси подеднакво исто како и сите работници од сите останати професии.
Некако природно ми се наметна да прашам што се случува со сексуално преносливите болести, колку е зголемен ризикот за ширење на истите и како сексуалните работнички се соочуваат со истата.„ Лоша страна на сексуалната работа е зголемување на веројатноста за пренос на ХИВ / СИДА и СПБ, не затоа што сексуалните работници не се информирани како треба да се заштитат и дека не сакаат да се заштитат, туку затоа што клиентите во одреден дел ги принудуваат сексуалните работници на сексуални услуги без соодветна заштита“, вели Лила.
Од друга страна, Трајче објаснува дека Македонија во моментов е во завршна фаза на добивање средства од Глобалниот фонд, чиј секундарен примател е здружението Стар-Стар. „ Овој проект години наназад развиваше програми за заштита и превентива од ХИВ и СПБ, а тоа подразбира обуки и едукации за сексуалните работници, бесплатни ХИВ, СПБ, гинеколошки и дерматолошки прегледи, теренска работа, теренско тестирање и многу други активности. Сето ова донесе добри резултати, голем дел од сексуалните работници се едуцирани и одговорно се грижат за своето сексуално и репродуктивно здравје. Но, по заминувањето на Глобалниот фонд од Македонија, државата е потребно да ги поддржи и финансира овие активности. Проблемот е во тоа што државата не пројавува интерес за целосно продолжување на овие превентивни програми, што го доведува под знак прашалник нивното целосно функционирањето во иднина“.
Си дозволив да излезам од рамките на формалното, мојата љубопитност ми будеше жед да дознам дали Лила некогаш се кае за својот избор, како се води целиот процес на договарање со клиентите и уште многу други работи. „ Комуникацијата со клиентите ја остварувам преку телефон. Во телефонскиот разговор му објаснувам на потенцијалниот клиент кои услуги може да ги добие и цените. Откако ќе договриме средба му ја кажувам адресата каде треба да дојде. По доаѓањето се договараме која услуга ќе ја користи. Парите ги земам однапред затоа што клиентите во одреден број случаи избегнувале да платат за услугата што ја добиваат. Сексуалната работа е работа која слободно ја имам избрано и доброволно се имам вклучено во истата, така што во ниту еден момент не се каам за одредена моја постапка или одлука. Стравот во однос на иднината секако дека постои сè до оној момент кога сексуалната работа ќе се изрегулира со закон кој што ќе биде во интерес на заедницата, но и на општеството, т. е тоа би значело дека со регулирано давање услуги, јас како сексуална работничка би имала пензиско и здравствено осигурување, а тоа би допринело за сигурност во иднината“.
Тука некаде ќе завршам со статијава. Ако сакаме да живееме европски треба и да размислуваме европски. Секој има право на сопствен избор, секој има власт над сопствениот ум и тело. Кога помалку би се занимавале со животите и изборите на другите би биле далеку посреќни. Па што ако мојот најдобар другар е геј? Што ако Лила се занимава со сексуална работа? Кога тие во суштина се добри, паметни и доблесни личности. Зарем треба да дозволиме она „ сељачкото“ во нас да ни ги бира пријателите? Воопшто, кој од нас е толку совршен што би можел да му суди на другиот? На наредниот Марш на црвени чадори ќе излезам и рамо до рамо ќе марширам со нив. Иако не сум дел од нив, ќе им ја дадам поддршката која им е потребна. Па слободата и среќата ја заслужуваме сите подеднакво!
Автор: Теодора Крстевска за Unique Магазин
6