закоравен балкански менталитет, а маргинализираните групи се соочуваат со дискриминација
на секој чекор, поддршката од невладините организации е повеќе од потребна. Најголемата
поддршка ја добивам од организацијата основана од заедницата на сексуални работници СТАР-
СТАР, првиот колектив на сексуални работници на Балканот, во која сум член. Несебично и во
целост ми пружаат заштита и меѓусебна поддршка, не само на мене, туку и на останатите сексуални
работници при тоа овозможувајќи ни бесплатна правна и здравствена помош во соработка со
останати организации кои што дирекнто ги нудат истите, т.е 3Г „Хопс - Опција на здрав живот -
Скопје“, Коалицијата „Сексуални здравствени права на маргинализирани заедници“ и 3Г “Хера –
Асоцијација за едукација и истражување“. Што се однесува до дискриминацијата, Лила вели дека
имало случаи кога била препознаена како сексуална работничка и трансродово лице од клиенти
кои претходно добиле услуга од неа, па токму од нивна страна била исвиркувана, навредувана и
отфрлувана. Сепак, не дозволува ова да влијае на нејзината професионалност. „И покрај тоа што
многу често доживувам насилство од клиентите и јавно етикетирање од нивна страна, никогаш не
сум си дозволила да ја нарушам дискрецијата што ја нудам. Дискрецијата е еден многу важен дел
од сексуалната работа, бидејќи ние како сексуални работници/чки ако ја злоупотребиме истата
како што клиентите го практикуваат тоа, во тој случај голем дел од браковите и врските би завршиле
многу лошо. Во секој случај колку и да изгледа сето тоа чудно и несфатливо за општата популација,
сепак ние како сексуални работници се грижиме за едно општо добро“.
Замислете која доблест треба да ја поседувате за да успеете и покрај целото понижување и
малтретирање, вие да останете достојни на својата професија и никогаш да не го злоупотребите
она што го знаете. Па, зарем не е во природата на човекот да сподели некој сочен трач кога ќе
дознае? Регулација, депенализација, декриминализација, различни модели, но ниту еден поволен
за нашава малечка земја. Ја прашав кога би имала шанса да разговара со законодавците, кое е
она за кое би се залагала, кои права би ги барала? „Јас, како и останатите мои колеги и колешки
се залагам за депенализација и декриминализација на сексуалната работа. Од државата барам да
ми обезбеди заштита и да ми дозволи да си создадам нормални услови за работа, како и целосна
социјална и здравствена поддршка. Ниту еден сексуален работник не се занимава со оваа работа
затоа што е сиромашен, туку секој сексуален работник се занимава со сексуалната работа за
5