некаква услуга, што секако е во ред доколку станува збор за слободно донесена лична одлука. Лошите статистики кои покажуваат насилство и дискриминација кон сексуалните работници се резултат на неразбирањето и неприфаќањето на сексуалните работници од институциите и од нивните сограѓани“.
Скопје, 21-ви век. Желба за европеизам заглавена во балкански закоравен менталитет. Право на абортус ограничено, употребата на лесни дроги се уште спаѓа во групата на наркомани, ЛГБТ популацијата претставува отпадок во општеството, религиска дискриминација и фанатички национализам. И тука некаде се наоѓа една маргинализирана група на сексуални работници кои си ги бараат своите права. Малтретирани од институциите, од полицијата, па дури и од клиентите, овие лица немаат каде да се обратат, па така години наназад нема ништо друго освен страв, фрустрации и чувство на немоќ. „ Најчесто сексуалните работници ја одбираат линијата на послаб отпор затоа што самите тие не гледаат заштитници во институциите, не ја добиваат очекуваната заштита, поддршка и разбирање. Тие и кога се во положба на жртви најчесто избираат да молчат!“- вели Трајче за моменталната состојба на сексуалните работници во Македонија.
Организацијата Стар-Стар како здружение се залага за подигање на свеста и заштита на правата на сексуалните работници. Соработуваат со здравствени и социјални работници, студентски организации и новинари кои ги поддржуваат во нивните активности, но сепак оние кои треба да ги слушнат и кои ги држат конците, остануваат глуви за потребите на сексуалните работници. Голем број од сексуалните работнички се самохрани мајки, ако во минатото куртизаните имале посебни дадилки кои се грижеле за нивните деца, денес едвај можат да скрпат крај со крај за да им обезбедат основни услови за живот. Здружението ХОПС од Скопје е единственото место каде има дневен центар за работа и престој на децата на сексуалните работнички.
За да не останам само на чисто истражување на она како е, а како треба да биде од страната на оние кои ги заштитуваат, разговарав и со една исклучително храбра дама која се наоѓа на другата страна од професијата. Лила, трансродово лице кое со оваа професија се занимава 18 години.
„ Од мојата 15 годишна возраст откако се пронајдов себеси и станав сексуално активна на местата каде што можев да пронајдам сексуални партнери, голем број од нив ми нудеа материјални средства за да добијат сексуална услуга. Во тој период од мојот живот, бидејќи бев многу млада и немав доволно информации за сексуалната работа, сето тоа го правев несвесно. На 19 години запознав жена, која целосно ми ја објасни сексуалната работа, затоа што во еден момент ме препозна како жртва која што ја искористуваат клиентите, притоа свесно започнав со нудење на сексуални услуги“, вели Лила.
Не можев да одолеам, а да не ја прашам како се чувствувала кога првпат свесно дала сексуална услуга. Страв, сомнеж или можеби некој вид на моќ? „ Почувствував голема возбуда од една страна, од друга страна чувствував и страв од моментот дека човекот кој што доаѓа можеби е некој што го познавам“. Низ мисливе ми прелетуваат сцени од Pretty Woman, прекрасната Џулија Робертс и неодоливиот Ричард Гир. Некоја симбиоза на префинетите куртизани од минатите векови и црниот превез кој ја прекрива современата верзија на оваа професија. Ја прашав дали може од прва рака да ми објасни кои се главните проблеми со кои се соочува? „ Пред сè, главен проблем со кој јас како сексуална работничка, но и останатите мои колеги и колешки се соочуваат е законската регулатива која погрешно ја регулира сексуалната работа, народски наречена проституција“. Покрај овој основен проблем мора да го наведам честото насилство, односно психичкото, физичкото и сексуалното од страна на оние кои доаѓаат, ги посакуваат и ги добиваат моите услуги и услугите на моите колеги без разлика од која сфера на сексуалната индустрија добиваат услуги. Без разлика дали се работи за давање сексуални услуги, еротска масажа, услуги на жешка линија и покрај тоа што дел од истите се легални во Р. Македонија, и државата зема даноци од дел од нив. Покрај претходно наведените проблеми имало и ситуации на насилство од страна на оние кои што треба да н е заштитуваат, односно претставниците на Министерството за внатрешни работи“. Лила вели дека физичкото насилство од страна на клиентите најчесто го доживувала кога работела на улица, додека сега кога работи на повик во сопствен апартман, почесто е жртва на психички насилства кои се карактеризираат со навреди, притисоци, уцени и закани. Сепак, искуството ја учи полесно да ги препознае насилниците и да одбие да им даде услуга. Во држава во која владее
4