S-Work No.57 57 | Page 3

И сексуалната работа е работа!

Една храбра дама говори за своето искуство во најстарата професија на светот.
Париз, 1848- Прекрасната Маргарита живее како куртизана во срцето на градот. Свесно ја бира својата професија и ужива во благодетите кои таа ги носи. Раскош и убавина( Дамата со камелии).
Венеција, 16ти век- Вероника Франко, не можејќи да се омажи со љубовта на нејзиниот живот одлучува да стане куртизана. Паметни, интелигентни и убави жени кои ги забавуваат благородниците.
Јапонија, 1920- Сајури, девојка со порцеланско лице и скарлетно црвени усни, со задача да ги задоволува и придружува мажите.
Паметни, интелигентни и убави жени кои ги забавуваат благородниците. Осудувани од едни, обожувани од други- несомнено овие дами останале инспирација за поетите, писателите, уметниците. Старата дама во себе носи секакви приказни, богата историја и слободен дух. Посетата на Амстердам не може, а да не помине со прошетка низ Уличката со црвени светилки, а некаде на пат за Монмартр се кријат Пигал и Мулен Руж. И додека гладно гледаме во осветлените излози каде убавиците стојат небаре се на продажба, се восхитуваме на црвената ветерница и звукот на Кан-Кан, некаде длабоко во тунелите, во доцните часови и во Скопје неколку девојки го започнуваат своето работно време. Ни малку гламурозно, никаков луксуз ни сјај. Никаква заштита, ниту восхит. Студен ветер покрај кејот на Вардар и насилни клиенти кои не ја почитуваат дамата од која бараат услуги. Испровоцирана од фактот дека додека како туристи се восхитуваме на Амстердам, Париз и Виена, како љубители на книжевноста ги голтаме приказните за куртизаните, конкубините и гејшите решив да дознаам нешто повеќе за оваа професија. Овде во Македонија сè уште ги вртиме главите додека минуваме покрај старата зграда на МТВ, сè уште молчиме и срамежливо го проследуваме Маршот на црвените чадори секој 17ти декември. Низ разговорот со Трајче Јанушев, член на здружението на граѓани Стар- Стар и член на SWAN( The Sex Workers Rights Advocacy Network, Budapest) некои нешта ми станаа малку појасни.
За моја среќа, токму Трајче ме поврза со една неверојатно храбра дама која се занимава со оваа професија. Во Европа, 21 држава ја признава сексуалната работа. „ Кога говориме за модели кои ја регулираат сексуалната работа во Европа или во светот, невозможно е да говори генерално. Постојат неколку различни модели кои ја регулираат оваа професија, но не сите се добри за сексуалните работници. При изборот на моделот мора да се внимава, бидејќи во Европа постојат модели кои сексуалните работници ги носи во многу понеповолна ситуација од претходно“. Трајче вели дека во моментов Германија има еден од подобрите модели за регулација на сексуалната работа. Шведскиот модел, од друга страна е силно одбиван и неприфатлив од сите движења кои се борат за правата на сексуалните работници. Идеологијата на креаторите на овој модел е дека „ сите сексуални работници се жртви“, базирајќи ја на многу едноставна политика – „ ако нема кој да купува, ќе нема кој да продава“. Ова секако е погрешно, а тоа го покажуваат и официјалните статистики од земји каде овој модел е воведен.
Иако е една од најстарите професии во светот, сексуалната работа, се уште се смета за табу, ако јас како писател го продавам мојот талент за да заработам и притоа никој не ме осудува за истото, зошто некој кој би го продавал своето тело од истата причина би бил гледан различно? Или како што Томас Шелби ќе рече во својата позната реплика „ Сите се проституираме, разликата е во тоа што продаваме различни делови на нашето тело“. Трајче вели дека сè додека не ја прифатиме сексуалната работа како слободен избор, маргинализацијата на луѓето кои се занимаваат со истата нема да се промени. „ Моето разбирање за сексуалната работа е нудење / продавања на
3