S-Work No.57 57 | Page 2

2-ри јуни – Меѓународен ден на сексуалните работници Секоја година на 2-ри јуни се одбележува Меѓународниот ден на сексуалните работници. Како повод за одбележување на овој ден претставува акцијата во 1975 година, кога на 2-ри јуни се собрале околу 100 сексуални работници кои ја окупирале црквата Св. Низиер во Лион, Франција, со цел за да го изразат својот гнев за нивните дискриминирани и експлоатирани услови за живеење и работење. На 10-ти јуни, во 5 часот црквата била брутално нападната од страна на полицијата. Настанот се смета за раѓањето на модерното движење за правата на сексуалните работници. Оваа нивна акција предизвика национално движење и оттогаш секоја година овој ден се слави во Европа и низ светот. По повод Меѓународниот ден на сексуалните работници, сексуалните работници ги бараат своите права. Треба да се осуди неправдата врз сексуалните работници, корупцијата и законите кои ги влошуваат нивните услови за работа, насилството кое постојано се врши врз сексуалните работници и скандалозното и срамно медиумско претставување на сексуалната работа. Сексуалните работници имаат право на еднаков пристап до правда, здравствена заштита и други јавни служби и еднаква заштита како и секој друг граѓанин. Нивното вклучување во процесот на донесување одлуки поврзани со сексуалната работа би придонело за намалување на насилството, злоупотребата и дискриминацијата врз сексуалните работници, со кои тие секојдневно се соочуваат. Првиот колектив на сексуални работници на Балканот СТАР-СТАР секоја година го одбележува 2-ри јуни – Меѓународниот ден на сексуалните рабтници. Одбележувањето има една единствена цел, а тоа е сексуални работници, активисти, пријатели и поддржувачи да се обединат и заеднички да делуваат во насока на промена на свеста кај општата популација и за рушење на стереотипите поврзани со сексуалните работници и сексуалната работа. 2