S-Work No.57 57 | Page 9

Источна Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа Искуствата на еден машки сексуален работник: „Првиот клиент ми беше еден наш познат политичар“ Белград, главниот град на Србија станува Мека и Медина на машката сексуална работа на Балканот. За ова зборува Ненад, чие искуство ги надминува сознанијата на обичните луѓе во оваа работа. Ненад е геј и кросдресер, што значи дека само глуми жена. Јелена му е уметничко име. Работи исклучиво само со мажи. Првиот клиент на Ненад бил политичар кој српската јавност многу добро го познава. „Неодамна го сретнав на погребот на славниот српски глумец Милорад Мандиќ“, вели тој. „Ме препозна, ме фати за рака и ми побара телефонски број, а кога би открил каде беше тоа, сите веднаш би сфатиле за кој се работи. Инсистираше по завршувањето на погребот да дојде кај мене, но јас го одбив. Го замолив да се тргне, наоколу имаше новинари и фото-репортери, не сакав да завршам на насловна страна. Исто така ми се доближи и висок градски функционер да се распраша за една личност“, раскажува Ненад. „Имам изнајмено мал стан, околу 20 квадрати, во непознатдел на градот. Цената за услугите кои ги нудам не е иста за сите. Ако почувствувам дека клиентот не е од Белград, му кажувам повисока цена. Земам и по 250-300 евра по состанокот. Почнувам да се подготвувам кога клиентот ќе ми најави дека е пред зградата. Тогаш влегувам во вецето, ги земам штиклите, периката, фустанот, градникот кој од внатрешната страна е наполнет со памук, ги подигнувам градите. Моите редовни клиенти мислат дека сум трансексуалец кој е на хормонска терапија и кој има желба да оди на операција за промена на пол. Од шминка користам само неутрален руж, на усните ставам само лабело во боја. Потоа, му велам на клиентот да влезе, да заклучи и да се соблече додека јас сеуште сум во тоалетот. Тогаш излегувам и - ваууу! Носам црн краток фустан со ракави кој може да се подигне и спушти и јас го подигам и си го откривам задникот“, раскажува Ненад. Повеќето клиенти кога ќе ме видат ми велат: „Ма дај. Не ме заебавај дека си транвестит, ти си женско! Погледни какви нозе имаш, хелоу“! Има многу клиенти кои сакаат петнаесет минути само да гледаат. Уметничкото име со кое работи Ненад е Јелена. Ни сподели искуство дека има „работено“ со еден професор од државниот факултет. Го платила некоја госпоѓа која и самата се занимава со сексуална работа 9