сточна
Сексуалните работници преку театарот се борат за декриминализација на сексуалната работа
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа
Како и многу девојки, така и Бет сонувала еден ден да стане актерка. Но, како кај повеќето, така и нејзиниот живот ја одвел во друг правец. Во нејзиниот случај, таа станала сексуална работничка. Причината за ова не биле недостатокот на амбиција и талент, туку бруталните закони во сопствената земја.
„ Се запишав во школа за драма”, вели таа. „ Откако завршив, сексуалната работа беше единственото нешто што ми помогна да ги платам долговите. Потоа полицијата изврши рација во борделот каде што работев и добив криминално досие кое остави црна дамка во мојот приватен и професинален живот“.
Сепак, Бет добила шанса да застане на тетарската сцена во Лондон. Таа сега е дел од една драма „ Види ме сега“, во која играат група на сегашни и поранешни сексуални работници во која зборуваат за своите животни приказни.
„ Јас воопшто не сакам да бидам на сцена и да зборувам за тоа што ми се случило”, вели Бет. „ Ова го правам со причина. Јас сум по природа затворена личност, но оваа приказна мора да биде раскажана”.
Во театарската претстава „ Види ме сега“ се раскажуваат повеќе приказни од изведувачи кои доаѓаат од различни средини: отворена, затворена сцена и независни сексуални работници.
Некои од нив ја работат само сексуалната работа како единствена работа за егзистениција, некои пак имаат и втора работа. Изведувачите се мажи, жени и трансродни лица. Сепак, одредени искуства ги соединуваат сите нив кои имаат јасна порака што сакаат да и ја пренесат на јавноста.
8