„Ние сите сме многу различни, имаме различни животни искуства, но сите се согласуваме
во едно нешто – сакаме декриминализација... Повеќето од нас имале негативни искуства со
полицијата.” – вели Бет.
Сексуалната работа во Велика Британија е легална, меѓутоа сите активности поврзани со неа,
како на пример работење со пријател (ова спаѓа во бордели) или посредување на сексуални
услуги се нелегални. Ваквата законска рамка негативно влијае врз работата на сексуалните
работници.
Сите изведувачи на оваа претстава работат под делумна криминализација. Поради лошите
закони тие сметаат дека поддршката за сексуалните работници во вакви услови е од големо
значење за нивната иднина.
„Ова е можност за луѓето да избегаат од сите стереотипи околу сексуалната работа кои обично се
екстремни и не претставува сите”, вели Бет. „Не е сè негативно, но не е ни сè позитивно”.
Некои приказни во тетарската претстава се смешни, некои тажни, но имаат една заедничка цел,
а тоа е да се слушне гласот на сексуалните работници. Да се слушне за нивните проблеми со кои
тие секојдневно се соочуваат.
„Навистина е голема привилегија да стекнеш доверба кај сексуалните работници. Научив
многу за нивните односи и сексуалноста преку нивните лични приказни”, вели Моли Тејлор,
текстописецот на претставата. „На крајот на претставата, верувам дека публиката ќе има чувство
како да имале посебен разговор со некој што не го познаваат”.
„Откако ќе заврши претставата, сакам публиката да си отиде знаејќи дека на оваа професија и е
потребна декриминализација”, вели Бет. „Мојот сон претходно беше да станам актерка, но сега
ова е мојот сон”
9