S-Work No.55 S-Work | Page 7

не му сметаше, но набрзо мојата професија застана помеѓу нас. Секако, јас ја избрав работата. На мајка ми и признав затоа што несакав повеќе да ја лажам. Ние секогаш сме биле искрени една со друга. Не беше изненадена затоа што знаеше и претходно дека имам работено топлес во барови. Всушност, ние не ни разговараме многу за тоа што правам јас. Сакам да се маскирам, да глумам, да измислувам улоги додека сум на работа. Парите кои ги заработувам најмногу ги трошам на патувања. Среќна сум и можам да кажам дека добро живеам! Ми се допаѓа чувството кога сум секси додека работам. Секогаш ми даваат комплименти, не само за телото туку и за тоа каква личност сум. Често ми плаќаат само да седнам и да поразговараме со некои од гостите, да пиеме по некој пијалок. Се чувствувам моќно во нивно друштво. Алекс, сексуален работник Се плашев да им кажам на семејството и на пријателите затоа што знаев дека ќе ме осудуваат. Во општеството, сексуалната работа е дискриминирана, воопшто не се ни разговара за сексуалните работници. Воопшто не е лесно да признаеш дека си хомосексуалец, а посебно дека р аботиш како сексуален работник. Тука стигмата е поголема. Некои од моите колеги толку многу се плашат да не бидат осудувани и мислат дека им е потребна професионална помош. Општеството смета дека ние ја започнуваме сексуалната работа, поради тоа што заработувачката е брза и лесна, но многу од нив не можат да разберат дека има сексуални работници кои уживаат да го прават тоа. Но, стравот од дискриминација и отфрлање од најблиските секако постои. Буквално живеев во страв да не дознаат родителите, но на крајот ми се смачи да ги лажам и решив да им кажам како живеам. Нивната реакција не беше баш идеална, но помалку или повеќе очекувана. Мајка ми кога слушна почна да плаче и го обвини моето воспитување за мојот избор. За неа сексуалната работа е лоша појава, при тоа обвинувајќи се себеси, дека не ме воспитала како што треба што е причина за мојот избор. Ме болеше душата, од нејзиното разочарување, но откако и објаснив подетално за мојата работа и колку моќно се чувствувам благодарение на работата која ја имам, колку ме прави самоуверен и среќен, полека почна да ме разбира. Ингрид, ескорт Ми беше прилично лесно да кажам на мајка ми и на пријателите дека работам како ескорт. Откако и кажав на мајка ми дека излегувам со мажи за пари, таа тоа го прифати, а јас почувствував огромно олеснување. Само ми рече да внимавам и да одбирам со кои луѓе излегувам, велејќи дека има и такви кои сакаат да ми наштетат. За тоа беше во право. Ми се има случено, една колешка да ме замоли да одам со неа затоа што ја изнајмиле тројца клиенти. На почетокот беше се ОК, но после вечерата одеднаш почувствував омалаксување и донекаде бев сигурна дека ни ставиле нешто во пијалокот. Потоа отидовме во друг бар, и токму кога планиравме да тргнеме накај дома, неа ја однесоа во еден подрум. Јас се загрижив и отидов накај неа. Типот доле беше сосема гол, а таа полугола. Само ја зграбчив и ја одвлеков со мене. Ако се внимава, на гледам зошто би имало проблем да им се каже на семејството и пријателите. Јас сум свесна за тоа што сум одбрала, и се ценам самата себеси. Повеќето кои ќе слушнат што работам, имаат разбирање, но секако има и такви кои знаат само да критикуваат без да те ислушаат. Откако и открив на мајка ми, дефинитивно станав посамоуверена. Способна сум да го користам своето тело за да заработам пари, нема тука место ниту за вина, нити за срам. Внимавам на себе, и што ми е најбитно се почитувам себеси. 7