Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа
Фелисија Ана- Сексуална работничка од Романија која работи и живее во Холандија
Фелисија Ана е всушност псевдонимот на оваа девојка која работи како сексуална работничка во Амстердам. Таа неодамна го има отворено својот веб-блог, преку кој можете најдобро да добиете увид во светот на сексуалната работа во Европа, особено во Холандија.
Забележав на твојот веб блог, дека имаш 27 години и дека работиш како сексуална работничка во Амстердам веќе 4 години. Ти си родена во Романија? Дали работата во Амстердам е единстевената причина за твојата преселба таму?
Точно така, јас сум родена и израсната во Романија и Амстердам е единственото место каде сум работела како сексуална работничка. Претходно, немам работено во ниту една друга земја, освен во мојата, во Романија.
На твојот блог имаш споменато дека парите се единстевната твоја мотивација да ја започнеш оваа работа. Дали твоето семејство и пријателите знаат за твојата одлука, и дали некој те има натерано да се впуштиш во оваа работа?
Никој ме нема натерано присилно да ја работам оваа работа, всушност, моите пријатели и семејството воопште не ни знаат за мојата одлука. Сметам дека поголемиот дел од сите девојки кои работат тука, го прават тоа бидејќи сакаат, а само мал процент, околу 8 % се принудени на тоа.
Сметам дека сите оние кои велат дека повеќето девојки се присилени на сексуална работа, всушност тие воопшто не се заинтересирани за нивното „ спасување“, туку сакаат да ја претстават сексуалната работа во негативно светло во општеството.
Дали сметаш дека во Романија, или во некоја друга земја, сексуалната работа е решение за повеќето девојки? Со други зборови, зошто мислиш дека девојките од Источна Европа започнуваат да ја работат сексуалната работа?
Не сметам дека сексуалната работа е најчестото решение за девојките, но мислам дека е една од повеќето опции. Едноставно можеш да избереш дали сакаш да работиш во продавница, во ресторан како келнерка или како сексуална работничка.
Причината зашто голем дел од жените од Источна Европа се впуштаат во сексуалната работа во друга земја е едноставна, а тоа е големата разлика во сумата на пари која ја заработуваат. Точен е фактот дека земји како Романија се многу сиромашни, всушност има многу девојки како мене кои работат тука, а при тоа остваруваат можности за подобро живеење понатаму во својата земја. Поентата е во тоа што оваа работа дава можност за заработување многу пари, кои едноставно не можете да ги одбиете, се додека сте ОК со сексуалниот дел од оваа работа.
При тоа, сексуалната работа во Амстердам ви нуди и слобода. Можеби ова би звучело чудно за многумина, обично сметајќи дека сексуалната работа е секогаш поврзана со контрола, угнетување и присилување, но не е секогаш таков случајот. Всушност, сите ние сме самовработени во Амстердам. Ние имаме свои бизниси. Сами си одлучуваме кога ќе работиме, колку долго сакаме да работиме, кои денови би работеле и сами одлучуваме кога сакаме да одиме на одмор. Едноставно, нема кој да ти каже како да ја работиш оваа работа, или да ти кажува дека работиш нешто погрешно. Јас сум си шеф сама на себе, јас ги контролирам работите. Тоа е една од предностите во оваа работа, својата слобода.
4