S-Work No.55 S-Work | Page 5

Колкава сума на пари во просек може да се заработи како сексуален работник во Амстердам? Доколку не се вклучени и макроата во овој бизнис, колку треба да се плати данок на државата? Зошто 50 евра за 15 минути е најчестата цена кај различни девојки? Многу е тешко да се каже за процентуалниот износ на тоа колку заработува една девојка во месецот. Некои девојки работат многу добро, едноставно зашто изгледаат многу добро, други пак имаат потешкотии при наоѓањето на своите клиенти. Може да се случи еден ден, едвај да заработиш пари, друг ден пак може да заработиш и до 2 000 евра. Затоа ми е тешко да одговорам на тоа прашање. Но еве, просекот нека биде нешто помеѓу 5 000 и 35 000 евра. При тоа сакам да ја истакнам лошата економска ситуација во денешницава, бидејќи во подобрите времиња, неколку години наназад, многу лесно беше да се заработат тие 30 000 евра. Откако, сексуалната работа е легална во Холандија, ние како работници на својот бизнис, треба да плаќаме данок на државата како и секој друг. Во овој момент, данокот изнесува 21% од нашата заработувачка, што е многу во однос на тоа колку ние заработуваме. Затоа, повеќето девојки велат дека Владата е една од најголемите макроа, бидејќи таа најмногу профитира од сексуалната работа. Цената од 50 евра за 15 минути, е истата веќе со години. Нависитна, незнам кој ја има одредено оваа цена, но претставува непишано правило на Red Light District како минимална цена. Како би ја опишала својата работа? Застрашувачка? Досадна? Интересна? Дали некогаш си била нападната или преплашена? Како изгледаат твоите типични клиенти и која е најчудната работа која ја имаш доживеано како сексуална работничка? Од сè по малку. Се зависи од луѓето кои ти приоѓаат и кои шетаат по улиците. Многу често е досадно, чекајќи клиент со часови, но исто така може да биде и многу забавно, бидејќи има луѓе со кои навистина можеш да се насмееш. Секој ден е различен, бидејќи секој ден се среќаваш со различни луѓе, нови туристи доаѓаат постојано кои ти овозможуваат да искусиш нови доживувања. Да, ме има нападнато клиент еднаш во мојата 4 годишна кариера. Всушност и не беше негова вина, меѓутоа зема преголема доза дрога и едноставно побудале. Се обиде да ме задави, но само по неколку секунди се оттргна од мене, бидејќи сфати што всушност прави и ме остави. Ми се извинуваше милион пати, за да на крајот истрча надвор во своите боксерки, носејќи ја останатата гардероба во рацете. Понекогаш, ме фаќа страв кога ќе видам луѓе кои на прв поглед изгледаат застрашувачки, но многу често се случува, да испадне спротивното, т.е откако подобро ќе ги запознаеш, всушност тие се навистина фини и пријателски настроени. Од оваа работа научив многу, односно на кои луѓе можеш да им веруваш, а на кои не, и врз основа на тоа и мојот инстинкт, ги бирам и моите клиенти. Не постои нешто такво како типичен клиент. Клиентите кои ние ги имаме се обични луѓе. Ништо нема чудно кај нив, тие се нормални личности со нормални работи. Поголемиот дел од нашите клиенти се туристи, кои доаѓаат од целиот свет. Единствената работа која им е заедничка и која можам да ја кажам за нив е тоа што тие навистина не почитуваат, што за жал не важи за сите. Најчудната работа која ја имам доживеано е кога еден клиент бараше од мене да го шетам како куче. Тој не сакаше ништо друго, не сакаше секс, само да го водам по собата врзан со ланец. Постојат клиенти со чудни барања, кои доаѓаат кај нас само поради тоа што тоа неможат да го добијат кај своите жени или девојки. Некои пак, поради своите чудни желби се преплашени и често страмежливо знаат да ти пријдат барајќи да им ги исполниш нивните сексуални фетиши. 5