S-Work Magazine S-Work | Page 9

тест, Каспер побарал да добие рецепта за ХИВ профилакса, иако не знаел како точно се изговара. Меѓутоа добил само збунет поглед и одговор дека таков лек не постои. „Нема шанси, такво нешто не постои“, му рекло медицинското лице, при тоа само го советувал дека најдобро е да користи кондоми. Но оваа таблета е реална. Пред повеќе од една година Администрацијата за храна и лекови ја одобри употреба на Трувадата за заштита на поединци изложени на висок ризик од ХИВ инфекција, позната уште и како ПРЕП (пред-експозициона профилакса). Повеќе студии направени за МСМ популацијата (мажи кои имаат секс со мажи) покажаа дека доколку Трувадата се зема секој ден, истата може да биде 99 проценти ефикасна во спречување на ХИВ вирусот. Првенствено Трувадата се продавала помеѓу геј мажите како заштита и прифаќање на секс без страв. Се почесто се прават медиумски кампањи за јавно здравје кои се фокусирани на богатата геј популација, и се прават напори да се стигне до сексуалните работници како Каспер, но истите сега за сега не вродиле со никаков успех и се сметаат како непотребни. 9