S-Work Magazine S-Work | Seite 10

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и

Источна Како Европаизгледа првиот работен ден на сексуалните работници

Стигмата и дискриминацијата ја придружуваат сексуалната работа, но многу сексуални работници ја започнуваат оваа работа затоа што тие тоа го сакаат. Исповедите кои следуваат се само дел од генералниот пресек на животот на сексуалните работници и како тие се чувствувале на првиот работен ден.
Рената Вал, домина Пред две години се доселив од Европа во Торонто, при тоа напуштајќи ги својот дечко и семејството. Бев осамена и депресивна. На почетокот живеев во неверојатно мала и темна соба во една валкана куќа заедно со четири мажи. Кога моите заштеда пресуши, знаев дека морам да најдам некоја работа. Од чиста досада, наидов на Craigslist рекламите, од кои дојдов до заклучок дека од фетишите со стопала може многу добро да се заработи.
На првиот состанок закажан преку Крејглист бев навистина нервозна, но сепак се потрудив да ги средам стапалата. Не велам дека изгледаат толку лошо, но сепак палците на нозете ми се малку искривени. Тој ден имав и плускавци од носење високи потпетици. Но сепак успеав да ги налакирам со виолетов лак надевајќи дека се ќе биде во ред.
Се сретнав со Мајлс, изненадувачки убав средовечен господин. Откако го испивме кафето во блискиот ресторан, отидовме во неговиот огромен џип кој се наоѓаше во еден подземен паркинг. Се чинеше дека тоа е единственото доволно темно и пусто место за реализирање на фетиши на стопала среде бел ден.
Јас чував стража додека Мајлс ми ги масираше стопалата, и ми ги лижеше прстите на нозете. Се сеќавам дека потоа го прашав дали има ерекција. Дали можеби има ранички во устата за кои треба да бидам загрижена?
Откако се сè заврши, ме одведе назад во ресторанот, и ми плати 60 долари. Не се видовме повеќе.
Сега веќе ми е полесно кога се сретнувам со типови чии фетиши им се стопалата за разлика од тој прв пат.
Соверејн Сира, уметник Откако завршив со постдипломските студии, имав желба да напишам роман. Мојот животен план беше да ја посетам Франција и да ја истражам Бретања и секако да најдам работа. Секако можев да најдам работа како келнерка, но сепак имав потреба да се обидам со нешто ново. Отсекогаш сум била фино дете и успешна млада жена, која играла балет и завршила средно училиште со одличен просек.
Најдов еден порно сајт, на кој девојки закачуваа само голи фотографии и кои се добро платени. Мислев дека тоа ќе биде една авантура да се наслика акт и да се закачи на интернет и патем да се заработат пари. Ова ме доведе до еротската фотографија, што пак не значи порнографија. Секогаш гледав на тоа од уметничка страна и никогаш не снимав порно филмови.
Запознав неколку порно глумци и глумици кои ги следев на Твитер. Навистина ме 10