S-Work Magazine S-Work | страница 11

фасцинираше нивниот стил на живеење и нивната сексуална слобода. Преку социјалните мрежи и остварените контакти ми пријде и режисерката Ника Ноел, која ми понуди да снимам филм и да бидам во главната улога, што за мене значеше поголема заработувачка од онаа која ја добивав од фотографиите. Во тоа време, се случија некои промени во секс индустријата, имаше луѓе кои снимаа квир, алт, фем порно. Сето тоа ми звучеше како активизам.
Дента кога снимавме бев под голем стрес, но сепак успеав да се опуштам на сцената. Снимав заедно со уште една девојка. После тоа почувствував слобода и олеснување. Од тој момент едноставно знаев дека порнографијата ќе ме следи цел живот. Следните 4 години снимав само со жени. Во последните две години имав снимено и со мажи, но во многу помалку сцени. Денес скоро и да не снимам, повеќе сум ориентирана на стенд-ап комедии.
Различни луѓе започнуваат да ја работат оваа работа од различни причини, но за мене порнографијата е една од најдобрите работи кои ми се случиле во животот. Иако сфатив дека сум отпишана од општеството, сепак на некој начин се чувствував слободна. Сексуалните работници се човечки битија, и тоа што отстапуваме од општествените „ стандарди“ не значи дека сме лоши личности. Ние ризикуваме многу во потрага по нашата среќа, пари и сексуални искуства.
Памела Ајли, еротска масерка Моја пријателка има спа центар во кој моментално работам. Мојата претходна работа ми беше напорна и досадна, и затоа ме примами можноста да заработам повеќе пари за пократко време. Ми требаше многу време да се одлучам, сепак на крајот сфатив дека нема да знам како е се додека не се обидам.
Разговарав со мојата пријателка и ја прашував за се што ме интересираше и загрижуваше. Откако го завршивме разговорот, ме праша дали сум заинтересирана и дали би сакала да почнам со работа следната недела.
Бев страшно нервозна првиот ден. Незнаев каква ќе биде обуката, за да на крајот се испостави дека пракса нема. За половинаа час ми објасни се како функционира, ми пушти снимки од масажи и веднаш потоа го имав првиот клиент. Беше типичен клиент, бизнисмен кој навратил на 45 минутна еротска масажа за време на неговата пауза од работа.
Воопшто не ми беше срам да се соблечам пред непознати, го правев тоа многу пати работејќи како модел. Кога станува збор за сексот, ја сум целосно опуштена, па и затоа многу брзо се вклопив во работата и почнав да уживам во сето тоа што го правев.
Набрзо сфатив дека можам да ја работам оваа работа, особено откако ги добив тие 110 долари за сеанса од 45 минути. После првиот ден самодовербата ми се зголеми, бев задоволна од своите сексуални вештини.
Андреа Верхун, ескорт девојка Кога прв пат влегов во стриптиз клуб, имав повеќе предрасуди. Очекував дека девојките таму се празноглави и бездушни и дека се приморани да се соблекуваат голи пред непознати. Но, сепак ме изненади тоа што наидов токму на спротивното. Девојките беа насмеани, силни, грациозни, чудесни. Почувствував силна желба да им се придружам.
Започнав дури и да вежбам во високи потпетици на песни. Навистина посакував да настапам пред публика, но сепак со текот на времето сфатив дека ескорт придружбата е подобра работа за мене. Слушнав дека таа работата е подискретна и побезбедна отколку стриптизета, и дека е подобро платена. Во тоа време студирав и живеев сама и навистина ми изгледаше примамливо да заработам за кирија за само неколку саати.
11