S-Work Magazine S-Work | Page 12

Откако се одлучив, не беше воопшто тешко да пронајдам работа. Избрав агенција преку една веб страна и им ги понудив своите услуги. Отидов на интервју, на кое немаше многу прашања. Ми објаснија како се работи и многу брзо ми ја понудија работата. Јас имав цел список со прашања за безбедносни мерки, за користење на кондоми, за сексуално преносливите инфекции. Сепак некако ми ги смирија стравовите и ми понудија да си изберам име. Го одбрав Мериен. Првата вечер ме одведоа до еден мотел на периферија од Торонто. Бев преплашена. Мојот шеф ме убедуваше дека клиентот е многу повеќе уплашен од мене, но сепак не му верував. Вратата од собата ми ја отвори еден низок и слаб маж. На ТВ одеше порно филм без тон, а собата беше преполна со дим од цигари. Ја соблеков јакната, ги земав парите оставени на масата, малку поразговаравме и веднаш потоа преминавме на креветот. „Аха“, си помислив, „значи треба само да се задоволиме меѓусебно“. Откако се се заврши, ми рече дека треба да се симне долу во барот и да се види со некој, а јас откако ќе бидам подготвена да ја затворам вратата од собата. Откако останав сама во собата, почнав да се смеам и да играм, и гледајќи го своето голо курвинско тело пред огледалото си реков „Лесна заработувачка“. Две години потоа се занимавав со сексуалната работа и тоа совршено ми одговараше. Сакам да разговарам, сакам да запознавам нови луѓе, да ги гледам голи, да им го набљудувам лицето кога се највозбудени, да ги гледам кога се најранливи. *Имињата се изменети за да се зачува анонимноста. 12