S-Work Magazine S-Work | Página 8

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и

Источна Европа Зошто сексуалните работници немаат пристап до револуционерната Трувада?

Еден свеж есенски ден во 2013-та година, Каспер, квир уметник кој сака да носи темно црвен кармин, ја посетува клиниката во Бруклин за рутински ХИВ-тест. Каспер се преселил во Њујорк речиси две години пред тоа, откако дипломирал на елитниот универзитет за либерални уметности на Источниот Брег. Тој започнува да ја работи сексуалната работа случајно запознавајќи клиенти преку Гриндер и Креглист и оттогаш тоа му е единствениот начин на заработувачка. За време на неговата посета во клиниката, воопшто не се чувствувал слободно дека треба да открие со што се занимава и да одговори на прашањата за проценка на ризици, но сепак имал некои свои прашања што сакал да ги постави.
Неколку месеци претходно, Каспер видел пораки на својот Фејсбук профил од некои негови геј пријатели за пилула која, доколку се зема секој ден може да заштити здрав човек да се зарази од ХИВ. Како и многу млади хомосексуалци кои растеле во средината на 90-тите години, кај Каспер се појавил длабок страв од ХИВ и поради тоа секогаш практикувал безбеден секс. Пилула која може да ја елиминира заканата од инфекција му звучела како чудо, со оглед на тоа што неговата работа го изложува на поголем ризик од пренос на ХИВ вирусот.( Статистика за ХИВ преваленцата помеѓу сексуалните работници тешко може да се направи со оглед на тоа што сексуалната работа е криминализирана и стигматизирана и многу потешко може да се стигне до нив).
Првиот клиент на Каспер кој го имал во Њујорк, му понудил повеќе пари за секс без кондом. Го одбил, меѓутоа се повеќе клиенти барале од него да имаат незаштитен секс. Затоа се заинтересирал за оваа пилула која би можела да го заштити, а истовремено и да заработи повеќе. Стрејт луѓето најчесто не користат заштита, си помисли, и почувствува дека и тој ги има истите права со неговите партнери и клиенти. Откако му земале примерок од урина и му направиле ХИВ
8