Бариери во пристап до услуги за превенција од ХИВ
Во многу земји, постојат закони и политики кои се против кампањите за превенција на ХИВ
за сексуалните работници. 60% од сите земји воведоа вакви закони, политики и прописи во
2012 година.
Сексуалната работа се смета за морално корумпирана или како кривично дело во многу
земји, при тоа сексуалните работници се често запоставени и маргинализирани од
поширокото општество. Од 2012 година, 61% од земјите имаат донесено закони за заштита
од стигма и дискриминација, сепак нивната примена речиси и да не постои.
Сексуалните работници и човековите права
Постојат закони кои не само што ја забрануваат сексуалната работа, туку истите и ги
одрекуваатфундаменталните права на сексуалните работници како граѓани на едно
општество. Постојат голем број случаи каде што сексуалните работници не можат да
поседуваат имот, немаат пристап до образование, здравство, банкарски услуги, правна
заштита. Социјалната исклученост и сиромаштијата ги прави сексуалните работници
ранливи на експлоатација, злоупотреба и изложени на поголем ризик од пренос на ХИВ
инфекцијата.
Под вакви околности, сексуалните работници не можат да ги остварат своите човековите
права како граѓани во општеството.
Отстранување на бариерите за превенција од ХИВ за сексуалните работници
Со вклучување на сексуалните работници директно во програмите за превенција од ХИВ
може да се подигне нивната самодоверба, при тоа да се поттикнат да се грижат за своето
здравје и секако да имаат олеснет пристап до услугите.
7