Младите сексуални работници и ХИВ
Младите кои исто така се занимаваат со сексуалната работа најчесто се икслучени од ХИВ програмите.
Постојат голем број студии кои покажуваат дека е голем процентот на сексуални работници помлади од 18 години.
Една студија од Украина покажала дека 20 % од сексуалните работници се на возраст од 10 до 19 години. Во одредени земји од Африка, ХИВ преваленцата помеѓу сексуалните работници под 25 години е 11 %.
Младите сексуални работници се соочуваат со истите пречки за превенција од ХИВ како и возрасните сексуални работници, вклучувајќи го немањето можност за преговарање за употреба на кондоми и отежнатиот пристап до здравствени услуги. Младите сексуални работници, исто така немаат пристап до ХИВ сервисите.
Превенција од ХИВ помеѓу сексуалните работници Експертите препорачуваат дека програмите за превенција од ХИВ за сексуалните работници треба да се фокусираат на постигнување на три главни резултати:
- доследно и правилно користење на кондоми и безбеден секс помеѓу сексуалните работници и нивните клиенти- зголемена вклученост на сексуалните работници и контрола над нивното работење и социјалните услови- намалување на бројот на сексуално преносливи инфекции( СПИ) помеѓу сексуалните работници.
Постојат повеќе начини за постигнување на овие цели како што се обезбедување на кондоми; едукација на сексуалните работници и нивните клиенти за ХИВ; поттикнување на врсничка едукација( каде сексуалните работници се информираат меѓусебно за ХИВ); намалување на стигмата; донесување на закони и политики за почитување на човековите и граѓанските права на сексуалните работници.
Една неодамнешна студија во Јужна Африка објави дека комбинирање на ПРЕП( предекспозициона профилакса) со ХИВ тестирањето и третманот за ХИВ може да го намали преносот на ХИВ помеѓу сексуалните работници и нивните клиенти за 40 %. Обезбедувањето на овие услуги заедно со иницијативите за превенција може да ја намали стигмата и дискриминацијата во општеството.
Успешните програми за превенција од ХИВ за сексуалните работници Истражувањата проценуваат дека со решавање на специфични клучни општествени проблеми како што се насилството, малтретирањето од страна на полициски службеници и со обезбедување на побезбедни работни средини и декриминализација може да се намали бројот на сексуалните работнички новозаразени со ХИВ за 33 % до 46 % во текот на следната деценија.
Воведени се голем број успешни програми за ХИВ за сексуалните работници како што се:- програми за поттикнување на употреба на кондоми,- програми за едукација и ХИВ превеницја,- врсничка едукација,- практики за спроведување на законот и човекови права,- адресирање на стигмата и дискриминацијата.
6